Градот Москва на својата страна издвои посебен дел насловен „Музеи Москва“ каде речиси 40 музеи имаат прикачено слики од дел од своите колекции.
Од Московскиот музеј на Современата уметност и Галеријата Глазунов, до куќите-музеи на Николај Гогољ, Цветајева и други. Музејот на модата е добар почеток на оваа прошетка, потоа Музејот на лубоци и наивци, старите графики од колекција на Зоолошката градина од Москва, до Музејот на Космонаутика.
Има колекции со најразлични теми, па барем неколку часа од самоизолацијата ќе поминат побрзо во разгледување.
Сѐ е на руски јазик, но нека не ве спречува тоа да уживате во уметноста.