Седум новозаразени во Куманово од коронавирус, потврдија од Центарот за јавно здравје од Куманово за Телма. Меѓу нив нема медицински лица.
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста КОВИД-19 (коронавирус).
На состанокот се донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
• Апел до граѓаните при појава на било какви симптоми, кои можат да укажат на инфекција со коронавирус, веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатат до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар.
• Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации.
• Општинскиот штаб за заштита и спасување до сега има информација дека дежурна аптека во градот е Провиталис (031 415 303). Штабот апелира и до другите аптеки во градот да воведат ваква услуга за дежурства и да ја почитуваат одлуката за комисија за здравство и владата и за тоа да известат штабот.
• Најзагрозени социјални случаи за асистенција при набавка на неопходни продукти, можат да се јавуваат на телефонските броеви : 075 207 126 и 077 71 94 94.
• Согласно мерките на Владата и информацијата од МВР, земјоделците што имаат неодложни активности поврзани со производство во атарот на своите села, ќе можат да го обработуваат своето земјиште.
• Согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и др.) да го најават своето излегување на телефонскиот број 192 .
• Бараме од Владата под итно да донесе мерка со која ќе овозможи работа на маркети и продавници кои ќе вршат телефонска и он лајн продажба на прехранбени продукти и диструбуција до купувачите на домашна адреса во деновите кога трае целодневниот полициски час.