Во време на пандемија и потреба за солидарност, додека одговорните напорно работат на справување со кризата настаната од корона вирусот и се превземени сите мерки за граѓаните да не го почувствуваат економскиот шок, на социјалните мрежи кружи пропаганда против мерките на Владата.
На официјалниот профил на Владата на Република Северна Македонија се најдоа неколку содржини од социјални мрежи на кои се гледа злоупотребата на државниот грб за политички лаги и спинови со цел предизвикување паника и дезинформација на граѓаните.
„Во време на криза кога сите се бориме за спас на здравјето и на работните места, партиски ограноци и функционери фалсификуваат владини мерки, го злоупотребуваат грбот на државата, дезинформираат, шират лаги и креваат паника. Во име на јавниот интерес, престанете!“ – пишува на официјалниот профил на Владата.