Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на својот Фејсбук профил сподели фотографии од Св. Николе и Лозово, каде се донирани 360 пакети за социјално загрозените.
„Дониравме 360 пакети со храна на кризните штабови во Св.Николе и Лозово – наменети за социјално загрозените семејства во овие населени места полесно да го поминат претстојниот период.
Кризата е тест за секое општество, ги повикувам сите – да помогнеме каде што е потребно. Се надевам дека токму во овие тешки моменти ќе видиме многу хуманост и солидарност. #ЗаштитиСе #ПочитувајГиМерките“ – напиша Николовски на својот Фејсбук профил.