ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Нови 18 случаи на корона кај нас, вкупно 617, од денес построг полицискиот час, продолжен притворот на двајцата насилници од Штип, честитки за Меѓународниот ден на Ромите, од Партнерството за мир во `95 до НАТО во 2020

Преглед на вестите во 15,00 часот.

April 8, 2020 14:03
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

НОВИ 18 случаи на корона вирус денес во земјава. Бројката на заразени е 617. Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

ОД денес стартуваат дополнителните мерки за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија, што ја донесе Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб.

НА територијата на општина Прилеп денеска се регистрирани 4 нови лица заразени со корона вирусот, со што вкупниот број на инфицирани изнесува 38.

ДЕНЕС во 18:00 часот, преку онлајн стрим на видеосесија „КОВИД-19, прашања и одговори за полицискиот час“, Владата на Република Северна Македонија ќе ги информира граѓаните и медиумите за сите детали поврзани со новите рестрикции на движењето на граѓаните на ниво на целата територија, кои почнуваат од денеска.

ПРОДОЛЖЕН е притворот на двајцата насилници од Штип на возраст од 23 и 26 години, кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон.

ВЛАДАТА на Република Северна Македонија на денешната 38-ма седница на предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.

ПО повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница во Република Северна Македонија и до Ромите ширум светот.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата на Република Северна Македонија упати честитка за Меѓународниот ден на Ромите, 8 април. Во видео обраќањето, Спасовски ги повтори заложбите на Владата за „едно општество за сите“ и повика да се сочуваат почитта и грижата.

ХЕЛСИНШКИ комитет за човекови права:  Нема промена и подобрување ниту во имплементирање на активностите од важечката Стратегија за Ромите, затоа што државата и понатаму не успева да обезбеди целосно и ефикасно спроведување на Стратегијата, која се наоѓа во последната година од својата важност.

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ за европски прашања Бујар Османи, во улога на Национален координатор за распределба на странска помош во земјава, денеска одржа видео-конференција со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, во насока на претставување на потребите, согледување на можностите и соодветна координација на донациите и директната поддршка за справување со предизвиците од КОВИД-19.

ДРЖАВНАТА комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во услови на пандемија на Ковид -19 и вонредна состојба преземаат низа заеднички активности, соопшти ДКСК.

НА фирмите кои вршат дејност производство и имаат производни погони, хали и слично, им се препорачува во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени за работниците да бидат на растојание од еден и пол до два метра.

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ што имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење

СЛАВЕНЕЧКИОТ концерт на култната група „Електрични оргазам“, што беше најавен за 26 март во Младинскиот културен центар во Скопје, е презакажан и ќе се одржи на 26 јуни на Стадионот на АРМ, соопшти денеска организаторот на настанот „Авалон Продукција“.

БРОЈОТ на заразени со новиот корона вирус во Европа надмина 687.000, а над 62.000 лица починаа.

ХРВАТСКОТО претседателство на Советот на Европската унија донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и Самитот ЕУ-Западен Балкан, за да се ограничи ширењето на пандемијата Ковид-19.

ЕМЕРЏИНГ Јуроп: Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО на 27 март, со што завршија нејзините речиси тридецениски напори за зачленување во Алијансата, кои започнаа во 1995 година кога земјата се приклучи кон Партнерството за мир.

Next Post

Вархеји: 800 милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk