БРОЈОТ ни се удвојува на пет-шест дена, а тоа е класичен експоненцијален пораст. Тука друго чаре нема, освен радикален lock-down (затворање, карантин), за да максимално се редуцираат веројатностите за меѓучовечки контакти. Ова ќе резултира со забавување (не сопирање) на растот на бројките – и на болни и на починати пациенти – вели Даниловски.
ВО Србија во изминативе 24 часа регистрирани се четири нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 65 лица.
ВЛАДАТА со Уредба ги добри првите бескаматни кредити за поддршка на 136 мали и средни компании. Од овие 136 компании-апликанти, 96% се компании до 10 и компании до 50 вработени.
ВО стан во зграда на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово, попладнево околу 16 часот избил пожар.
ВЛАДАТА до 1. септември 2020 година го одложи извршувањето на казна затвор за лица осудени до три години, освен за предметите каде постои опасност за застарување на казната.
ТУРСКА помош од маски, скафандери и тестови пристигна во земјава. Помошта се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери, 1.000 дијагностички тестови и друг медицински материјал.
ПОЧИНА 27 годишната родилката од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новореденче, негативно на вирусот.
МИНИСТЕРСТВОТО за труд и социјална политика ги информира домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош. МТСП ги повикува да поднесат барање во центрите за социјална работа за гарантирана минимална помош.
АМЕРИКАНЦИТЕ без осигурување нема да го плаќаат лекувањето од корона вирус. Во САД околу 30 милиони луѓе немаат здравствено осигурување. Пред една недела беше објавено дека за две недели 10 милиони луѓе останале без работа.
МАКЕДОНСКАТА ХЕРА заедно со невладините од Европа бараат да се обезбеди сигурен абортус за време на пандемијата.
ЕВРОПСКАТА Комисија пренасочува 3,8 милијарди евра фондови за помош на земјите во борбата против коронавирусот. Од нив 800 милиони евра ќе бидат за Западен Балкан.