Како што извести министерот за здравство Венко Филипче, предмалку починала родилката од Куманово која што на 30 март на Клиниката за гинекологија во Скопје роди машко дете негативно на корона вирусот.
„Со големо жалење информирам дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новореденче, негативно на вирусот.
Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален.
Клиниката за гинкеологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.“ напиша Филипче на Фејсбук.