ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Македонската ХЕРА заедно со невладините од Европа бараат да се обезбеди сигурен абортус за време на пандемијата

Европските влади мораат итно да делуваат за да обезбедат сигурен и брз пристап до абортусот за време на пандемијата од КОВИД-19, изјави Леа Хоктор, од Центарот за репродуктивни права.

April 8, 2020 14:40
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Организациите за заштита на човековите права, меѓу нив и македонската ХЕРА, потпишаа повик до владите ширум Европа да обезбедат сигурен и брз пристап до абортус за сите жени и девојки за време на здравствената криза, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амнести Интернешнл и десетици невладини организации ангажирани во борбата за човековите права потсетуваат дека во овие време на вонредни мерки и изолација на граѓаните на континентот се појавуваат бројни пречки за пристап до безбеден прекин на бременоста, додека пак владата во Полска носи драконски закон за забрана на абортусот, користејќи го фактот што вниманието на јавноста е свртено кон други теми.

-Европските влади мораат итно да делуваат за да обезбедат сигурен и брз пристап до абортусот за време на пандемијата од КОВИД-19, тие мора брзо да ги отстранат сите непотребни медицински пречки кои го отежнуваат пристапот до абортусот и да им овозможат на жените пристап до ран абортус од дома, изјави Леа Хоктор, од Центарот за репродуктивни права.

Организациите бараат да се признае прекинот на бременоста како суштинска здравствена потреба, и потсетуваат дека поради здравствената криза голем број болници ги сведоа своите здравствени услуги на минимум или го пренасочија персоналот, и во многу места пристапот до нормални клинички услуги стана “екстремно тешко“.

-Рестрикциите врз репродуктивното здравје диспропорционално ги засегаат жените кои живеат во сиромаштија, жените со попреченост, Ромките, жените мигранти без документи, адолесцентите, транс жените и жените кои се соочуваат со ризик од семејно или сексуално насилство, стои во писмото.

Во шест европски земји абортусот е сѐ уште забранет и силно ограничен поради административни бариери и доктори кои одбиваат да вршат прекин на бременост поради лично убедување, во тие земји жените се приморани да патуваат во странство за да добијат абортус, што во овие околности на карантин е речиси невозможно.

-Додека пандемијата ги засега сите аспекти на нашето живеење, тоа не смее да биде искористено како оправдување за да се поткопаат правата на жените да носат одлуки за нивните репродуктивни и здравствени права, стои во повикот.

Next Post

Американците без осигурување нема да го плаќаат лекувањето од корона вирус

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk