ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Д-р Даниловски: Нема друго чаре освен радикалени мерки и карантин

Нашите мерки, дури и оние пред овие, не вродија со плод. Бројот ни се удвојува на пет-шест дена, а тоа е класичен експоненцијален пораст. Тука друго чаре нема, освен радикален lock-down (затворање, карантин), за да максимално се редуцираат веројатностите за меѓучовечки контакти. Ова ќе резултира со забавување (не сопирање) на растот на бројките – и на болни и на починати пациенти – вели Даниловски.

April 8, 2020 16:40
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата започна со примена на уште порестриктивните мерки кои беа најавени пред два дена. Од денеска, во работните денови забраната за движење започнува во 16 часот и трае до пет часот следниот ден, а следниов викенд, за прв пат ќе биде забрането движењето во периодот од петок во 16 часот, до понеделник во пет часот утрото.

Не смееме да дозволиме страотна навала на заразени пациенти, затоа се и вакви мерките, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски за „Мета.мк“, кој заговара уште порестриктивни мерки.

– Нашите мерки, дури и оние пред овие, не вродија со плод. Бројот ни се удвојува на пет-шест дена, а тоа е класичен експоненцијален пораст. Тука друго чаре нема, освен радикален lock-down (затворање, карантин), за да максимално се редуцираат веројатностите за меѓучовечки контакти. Ова ќе резултира со забавување (не сопирање) на растот на бројките – и на болни и на починати пациенти – вели Даниловски.

Зошто радикални мерки се потребни? Затоа што не сме земја со неограничени ресурси. И една Америка, губи здив под налетот на оваа стихија, додава тој.

– Општоприфатен принцип во епидемиологијата е да се направи сѐ, за да се растегне времето на јавување нови случаи (до достигнување на прагот на колективниот имунитет), т.н. зарамнување на епидемиската крива, а не да се дозволи експлозивен пораст, кој ќе го надмине капацитетот на здравствениот систем. Се разбира, тоа зарамнување се спроведува со одредени мерки, пред сè, рестриктивни и со активно барање на фокуси на инфекции. Додека не се најде специфична профилакса (вакцина). Тогаш, со вакцинирање ќе се обезбедува колективниот имунитет (во случајов со ковид-19, прагот е 60 отсто од населението) – појаснува Даниловски.

Next Post

18: Пристигна помошта од Турција, 800 милиони евра помош од ЕУ за Западен Балкан, почина родилката позитивна на Ковид-19, д-р Даниловски предлага радикален lock-down

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk