ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

9: Филипче посака брзо закрепнување на пациентите и очекува позитивни вести, се формира фонд за туризам, одјавата од работа не значи прекин на работниот однос, пикот во Европа допрва доаѓа, синот на Вучиќ позитивен на Ковид-19

Утрински преглед на настаните.

April 9, 2020 08:04
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче со порака на Фејсбук им посака брзо закрепнување на сите пациенти и истакна дека очекува сè почесто да слушаме позитивни вести, откако  вечерва беше објавено дека од корона вирусот се оздравени двајца пациенти од Штип.

ДРЖАВАТА во наредните денови ќе формира фонд за туризам кој ќе работи во рамки на Министерството за економија и ќе има над два милиони евра на располагање за да им излезе во пресрет на угостителите, хотелиерите и туристичките агенции за надминување на проблемите што ги предизвика корона вирусот во овој сектор, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

ВО организација на Општина Прилеп, во изминатите два дена беше организирана масовна акција за дезинфекција на улиците во сите населби од градот. Истовремено, дезинфицирани беа и повеќе објекти на државни институции, влезови во згради, парковски и сите други јавни површини.

ОДЈАВИТЕ во Агенцијата за вработување не значат престаноци на работниот однос кај лицата. Во споредба со минатата година нема драстични промени во пријавите и одјавите што ги прават работодавачите. Ова вечерва во емисијата Топ тема на ТВ Телма го истакна директорката на АВРСМ Билјана Јовановска прашана за гужвите пред  Агенцијата и дали тоа се должи на отуштања на работници.

Во АНОНИМНО видео прикачено на Јутјуб, кое се шири на социјалните мрежи, изнесени се повеќе невистини и манипулации поврзани со корона вирусот. Целото видео е направено во насока на дискредитација на министерот за здравство, Венко Филипче и целата власт, а тоа се прави неосновано и тенденциозно.

СИНОТ на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило Вучиќ, е заразен со корона вирус и заради клиничката слика е хоспитализиран на Инфективната клиника во Белград, јави Танјуг.

КОВИД-19 сѐ уште се шири и убива голем број луѓе низ цела Европа, и засега нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата, заклучуваат експертите од Европската агенција за превенција на болестите, пренесуваат британските медиуми.

Од ИЗБОРНИОР штаб на Берни Сандерс денеска изјавија дека сенаторот од Вермонт ја заврши кампањата за претседателска номинација од Демократската партија на изборите годинава во ноември.

МЕНАЏЕРОТ на европскиот и светски клупски шампион Ливерпул – Јирген Клоп, призна за британски „Дејли мејл“ дека не му се допаднал напаѓачот Садио Мане на нивната прва средба пред многу години, кога Сенегалецот беше во Салцбург и Клоп – во Борусија Дортмунд.

Next Post

Барањата за венчавки во Вухан зголемени за 300 отсто

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk