Кривата линеарно ќе расте, тој врв ќе биде затапен врв, и не очекувам дека ќе го закочи здравствениот систем, рече д-р Докиќ.
Во денешното гостување на ТВ 24, гостуваше пулмологот Дејан Докиќ, кој рече дека не очекува раст на случаите со коронавирус како во Италија или Шпанија, бидејќи преземените мерки на ограничување нема да го дозволат тоа.
-Не очекувам пик како во Италија и Шпанија. Во популација како нема строги мерки, се случува тоа. Тоа не е случај кај нас, бидејќи се преземени мерки кои овој пик ќе го обезглават. Кривата линеарно ќе расте, тој врв ќе биде затапен врв, и не очекувам дека ќе го закочи здравствениот систем. Токму тоа е и целта на мерките. Да, ќе има врв, но ќе биде затапен. Тоа ќе зависи и од верските празници кои доаѓаат. Ако луѓето се собираат во поголеми групи, тоа ќе биде фатално во однос на ширењето, рече Докиќ.