На Клиниката за инфективни болести со потешка клиничка слика се 20 пациенти, а седум се во критична состојба. На оваа клиника се примени пет нови пациенти во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на хоспитализирани пациенти изнесува 68. Во тешка состојба, приклучени на респираторна машина се и пет пациенти во болницата „8 Септември“.
„На Клиниката е примена мајка и четиримесечно бебе од Кочани кои во моментот имаат стабилна клиничка слика, секојдневно се пратат од страна на педијатар со некоја сосема лесна форма на анемија и исип. Бебето е во стабилна здравствена состојба и без потреба од респираторна поддршка“, рече Филипче.
Тој соопшти дека кај четворица од пациентите кои се лекуваат на клиника се чека и вториот контролен тест, првиот е негативен и дека доколку и вториот е негативен тие ќе бидат пуштени дома.