ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Манчевски: Апликацијата за справување со корона вирусот подготвена, нема допир со личните податоци

Апликацијата е достапна само на граѓаните кои имаат паметен телефон (смарт уред).

April 9, 2020 22:03
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во емисијата Вин Вин на Телма ја објасни мобилната апликација за справување со коронавирусот и најави дека таа е целосно подготвена.

– Успеавме да најдеме технолошко решение кое ќе го даде потребниот одговор на епидемиолозите со кого сме биле во контакт последните 14 дена, а притоа да не е инвазивно, да нема никаков допир со нашите лични податоци. Секој оној кој ќе ја симне апликацијата ќе му биде генериран сосема нов апликациски број (код) кој нема никаква врска со нас и нашиот датум на раѓање, мобилен телефон, матичен број, појасни Манчевски.

Тоа, додава министерот, е нов код кој досега воопшто сме го немале и кога ќе дојдеме во радиус од два-три метри нашиот мобилен уред ќе ги зачува кодовите на уредите што биле во наш радиус.

– Овие податоци ќе се чуваат само и единствено на нашиот мобилен уред. Нема да бидат никаде предадени. Сите податоци постари од 14 дена, по автоматизам ќе се бришат. Но доколку, се надевам дека не, некој од граѓаните се покаже дека е позитивен на тестот за Ковид-19 ќе биде повикан од страна на Министерството за здравство своеволно да ги предаде овие кодови до Министерството. Дури тогаш и само тогаш овие кодови ќе бидат поврзани со мобилните броеви на луѓето кои биле во наша близина, со другите кодови, вели Манчевски, додавајќи оти целта е епидемиолозите подоцна да ги информираат овие граѓани, но и да дадат соодветни насоки за самоизолација.

Додава дека не се користи никаков личен податок и апсолутно можеме да бидеме сигурни дека нема геолокација.

– Подготвени сме група на независни експерти кои се ИТ-експерти, кои би имале пристап до овој код да потврдат дека навистина не се злоупотребуваат личните податоци на граѓаните и тоа е тоа што ќе и го понудиме на јавноста и на експертската фела и кои ќе можат независно да потврдат на граѓаните дека се работи за апликација која не задира во нивната приватност, рече Манчевски.

Апликацијата, најави, е целосно подготвена и таа е достапна само на граѓаните кои имаат паметен телефон (смарт уред) во себе.

Додаде дека апликацијата сама по себе ако ги нема другите мерки нема ништо да заврши работа, а ја имплементираат кога евидентирале зголемен број заразени и кога кластерите невозможно е физички да се пратат од здравствените власти.

Next Post

Мајката на четиримесечното бебе од Кочани нема Ковид-19

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk