ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Над 1,45 милиони заразени со корона вирус во светот, кај нас 617

Во светот досега се регистрирани над 1,45 милиони лицa заразени со новиот коронавирус од кои се починати повеќе од 83,5 илјади, а оздравеле речиси 310 илјади. Кај нас, пак, со вчерашните 18 новозаболени пациенти, вкупната бројка достигна 617, а бројот на починати се зголеми на 30

April 9, 2020 07:58
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во светот досега се регистрирани над 1,45 милиони лицa заразени со новиот коронавирус од кои се починати повеќе од 83,5 илјади, а оздравеле речиси 310 илјади. Кај нас, пак, со вчерашните 18 новозаболени пациенти, вкупната бројка достигна 617, а бројот на починати се зголеми на 30 откако вчера починаа три нови лица меѓу кои и 27-годишната родилка од Куманово која е најмладиот досега починат пациент во земјава од Ковид-19. Засега се излекувани 37 лица.

Од новорегистрираните 18 пациенти заразени со Ковид-19, седум се од Скопје,  четворица од Прилеп, по двајца од Куманово и Битола, и по еден од Кавадарци, Крушево и Кочани. Дури 72-ца од вкупно 617-те заболени се медицински лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 261, Куманово -130, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп – 38, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10, Битола – 8, Охрид – 3, Кавадарци – 3, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3 и Кочани – 18.

На Инфективната клиника примени се четири нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои седум пациенти се на механичка вентилација. Во болницата „8 Септември“ примени се четири нови сомнителни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и сомнителни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои осум се во тешка состојба, а тројца пациенти се на респираторна машина. Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани четири пациенти, од кои еден пациент со средно-тешка клиничка слика со пневмонија и три стабилни. Во болницата во Битола, исто така, нема прием на нови пациенти. Во моментов има четири пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25  и Фипил Втори (Жан Митрев) –100 . Досега во земјата се направени 6.230  тестирања на Ковид-19.

Турција вчера попладне со авион на турската армија на земјава и достави помош од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери, 1.000 дијагностички тестови и друг медицински материјал.

Вчера стапија во сила и новите владини мерки, што предвидуваат забрана за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, а од викедот што следува на целата територија на земјата ќе биде воведен полициски час од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Next Post

Правила и прилагодување во услови на полициски час

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk