ВЛАДАТА категорично демантира дека е донесена Уредба со која финансиски ќе се помагаат МПЦ и ИВЗ, како што објавија некои медиуми, која како дезинформација се шири и на социјалните мрежи.
КРИВИЧНА пријава против две лица за „измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.
ВО изминатите 24 часа направени се 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица, информираат денеска од Министерството за здравство.
КРИВИЧНА пријава за објавување списоци со наслов Корона вирус – КОВИД 19 со лични податоци на социјалните мрежи.
НОВИНАРОТ Гоце Смилески на првиот тест имал негативен резултат, на наредниот тест имал позитивниот тест и веднаш ги известил колегите.
ПРЕДЛОГОТ за зголемување на акцизата на горивата оправдан за Владата, се подготвува уредба заедно со Царинската управа.
ВЛАДАТА ги олесни условите на угостителите за користење на мерките. Владата ќе излезе во пресрет на угостителите, ги увиде пропустите и ќе ги коригира со измени на уредбите. Разговаравме за нови мерки како и на темата да се прилагодуваме за времето кога ќе почне состојбата да се опоравува и да се нормализира работењето на стопанството – рече Ангеловска.
МИНИСТЕРСТВОТО за внатрешни работи информира дека од денеска во функција се пуштени три телефонски линии на кои психолози вработени во Министерството ќе им бидат на располагање за разговор и психолошка поддршка на полициските службеници и нивните семејства за полесно надминување на справувањето со состојбата со коронавирусот.
СЕ ставаат во мирување сите рокови и отворени повици и од Националната и од ИПАРД програмата, известува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
НЕ стигматизација, туку сега, повеќе од било кога, да дадеме вистинска ПОДДРШКА за новинарите, снимателите, фотографите и сите други вработени во медиумите, вели Бојан Кордалов.
ЧЛЕНОВИ на Владата имале контакт со претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој е тестиран за Ковид19, откако имал контакт со заболено лице, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.