Резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот. Веднаш по добивањето на резултатите ќе одржам прес конференција да ги соопштам деталите, како и да информирам за состојбата и актуелните прашања со коронавирусот во земјата, пишува министерот за здравство Венко Филипче на ФБ.
Во однос на редовната дневна статистика, потврдени се 48 нови случаи на Ковид 19 во изминатото деноноќие. Со ова вкупно во земјата се 711 дијагностицирани пациенти. Новодијагностицираните се по градови: Скопје – 11, Куманово – 25, Штип – 1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид – 1, Гостивар – 2
Во текот на изминатото деноноќие имавме и рекорден број на тестови, точно 496.