ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Организирано враќање за 160 македонски граѓани од Белгија и Франција, уште 35 се очекуваат од Абу Даби

На летот пак, кон Белгија и Франција, во соработка со амбасадите на овие земји денеска е помогнато и на 71 странски државјани да се вратат во своите земји.

April 10, 2020 15:45
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со организиран лет денеска вкупно 160 македонски граѓани се враќаат во земјава од Брисел и Париз (Бове).

Како што соопшти МНР, ова е досега 11-ти специјален лет откако на 27 март, годинава беше организиран од Министерството првиот чартер лет од Ла Валета на Малта за враќање во земјата на граѓаните затекнати во странство поради пандемијата на Ковед-19. За вечерва се најавува и организрано враќање на 35 наши државјани од Абу Даби преку аеродромот во Софија.

– Упатуваме благодарност за солидарноста и соработката до сите земји кои им помогнале на нашите граѓани, вклучително и на Владата на Република Бугарија за вечерашниот лет од Абу Даби до Софија, на кој се наоѓаат и 35 македонски граѓани, наведуваат од МНР.

На летот кон Белгија и Франција, во соработка со амбасадите на овие земји денеска е помогнато и на 71 странски државјани да се вратат во своите земји.

До овој момент, вкупниот број на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, а во тесна соработка со Генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство, изнесува 2.704. Од нив 1.745 се вратиле со специјалните чартер летови на авиопревозникот „Визер“, а 214 со хуманитарни конвои, додека пак на 526 граѓани (најчесто затекнати на други континенти), во соработка со министерствата за надворешни работи на повеќе држави и во координација со нашите дипломатско-конзуларни претставништва им беше обезбедено непречено  да транзитираат низ неколку држави со цел да дојдат до финалната дестинација, аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана, наведуваат од МНР.

Министерството продолжува во рамките на своите надлежности со активностите за безбедно враќање дома на затечени македонски граѓани во странство, се наведува во соопштението.

Next Post

Во Велика Британија болнички сали наречени според училиштето на Хари Потер

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk