ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Првиот дел од одморот за 2020, лицата опфатени со мерките да го искростат до крајот на јуни

Уредбата за одморите за вработените во компаниите е донесена од Министерството за труд и социјална политика, а за јавниот сектор – од Министерството за информатичко општество и администрација.

April 11, 2020 15:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Неискористениот дел од годишниот одмор за 2019 (стар одмор) наместо до крајот на јуни, поради вонредната состојба, треба да се искористи до крајот на мај (31 мај 2020). Со Уредба од Владата, лицата што се опфатени со мерките од Ковид-19, првиот дел односно две едноподруго работни недели од новиот годишен одмор, за 2020 година, треба да го искористат до 30 јуни 2020 година.

– Лицата опфатени со овие мерки се бремените жени, хроничните болни, родители со деца до 10 години, кои не можат да вршат работа од дома и затоа работодавците на фирмите за овие лица треба да овозможат да го искористат и ланскиот одмор и дел од годинашниот одмор од 2020 година, рече заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар во информативната видеосесија на Владата за прашања од социјалната заштита.

За луѓе што се работно активни, рече заменик-министерот, ако не можат да стигнат  да го користат новиот одмор од две недели во 2020, согласно со  Законот за работни односи, можат да го искористат до наредната година, 30 јуни 2021.

Уредбата за одморите за вработените во компаниите е донесена од Министерството за труд и социјална политика, а за јавниот сектор – од Министерството за информатичко општество и администрација.

– Таму е, исто така, уредено за лицата што не можат да вршат работа, кои се опфатени со мерките од КОВИД-19 – бремени жени, хронично болни и родители на деца до 10 години, за нив се смета дека одморот за 2019 е веќе искористен. За луѓето што се активни и работат од дома, за нив исто важи како и за приватниот сектор – старот одмор за 2019 ќе може да го искористат до крајот на мај 2020, рече Бајрактар.

Во јавниот сектор оваа Уредба, посочи тој, не важи за припадници на Армијата, полицијата, јавните здравствени установи, министерствата за одбрана, здравство и за внатрешни работи, царинските и инспекциските служби, Територијаната противпожарна ззаштита и за луѓето кои рабтат 24 часа во домови за стари лица.

– Тие ќе може да го искористат одморот од 2019 и дел (две недели) од одморот за 2020 година до крајот на годинава, 31 декември 2020, рече Бајрактар, нагласувајќи дека одморот се утрвдува согласно со потребите на работниот процес и со одобрение на работодавецот кој ги организира работата и одморот на вработените.

Next Post

Интерактивна мапа на Скопје за достава на храна и лекови во полициски час

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk