ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Метаморфозис: Пред преземање на „Stop Korona” да се прочита Политиката за притватност

Политиката за приватност може да ги содржи и информациите и контактите од институциите надлежни за спроведување на законите од областа на заштитата на личните податоци.

April 13, 2020 14:41
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред самото преземање на мобилната апликација Stop korona препорачливо е граѓаните да ја прочитаат Политиката за приватност и да се запознаат со тоа на кој начин нивните лични податоци ќе бидат заштитени, кои се нивните права како субјекти на личните податоци но и кои се обврските на оној кој ги обработува личните податоци собрани со користењето на мобилната апликација, соопшти денеска Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис.

Според Метаморфозис, анализирајќи ја Политиката за приватност која е достапна на stop.koronavirus.gov.mk, она што може да се забележи е дека таа ги содржи најголем дел од информациите кои се потребни за информирање на граѓаните, а со тоа и почитување на принципот на транспарентност при обработката на личните податоци.

Препораката за подобрување на Политиката за приватност, појаснува Метаморфозис, е во насока на обезбедување на дополнителни информации кои се однесуваат на:

– Контакт информации од Министерството за здравство и/или Офицерот за заштита на личните податоци каде што секој граѓанин ќе може да се обрати за остварување на правото на пристап, исправка или бришење на личните податоци

– Дали и во кои случаи Министерството за здравство ќе ги сподели податоците собрани преку мобилната апликација со други институции кои се вклучени во процесот на справување со COVID-19

– Информација за тоа дали Министерството за здравство има намера во некој момент да пренесе лични податоци во трета земја или меѓународна организација Согласно Законот за заштита на личните податоци, а следејќи го принципот на транспарентност при обработката на лични податоци, кога личните податоци се собираат од граѓаните, контролорот, во овој случај тоа е Министерството за здравство, во моментот на собирањето на личните податоци, ги обезбедува следните информации: идентитетот и контакт податоците на контролорот, контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци, целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, легитимните интереси што ги спроведува контролорот или трето лице, корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има, стои во соопштението.

Информација  и за тоа, се дополнува,  дали контролорот има намера да пренесе лични податоци во трета земја или меѓународна организација, временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци, постоењето на право да се бара од страна на контролорот пристап, исправка или бришење на личните податоци, постоењето на правото за повлекување на согласноста во секое време, правото на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци,  како и информации за тоа дали контролорот има намера и понатаму да обработува лични податоци за цел различна од онаа за која се собрани личните податоци. Дополнително, укажува Метаморфозис, Политиката за приватност може да ги содржи и информациите и контактите од институциите надлежни за спроведување на законите од областа на заштитата на личните податоци.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Две нови лаборатории за кратење на времето на добивање резултати од тестовите

НАЈНОВО

Трајановски за Аеродром: Овој пат да гласаме паметно!

October 5, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

October 5, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk