ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Две нови лаборатории за кратење на времето на добивање резултати од тестовите

Во однос на починатите лица, Филипче појасни дека тоа се пациенти со навистина тешка форма на болеста на возраст од 79, 58, 63 и 67 години.

April 13, 2020 14:48
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во текот на неделата во функција ќе се стават две дополнителни лаборатории – лабораторијата во МАНУ и во Институтот за судска медицина со што ќе се скрати времето на чекање на резултатите од тестовите за корона вирусот.

-Со ова капацитетот на бројот на тестирања во текот на денот се зголемува за 50 до 100 со што практично ќе се елиминира долгото чекање на резулати, со оглед на големиот број брисеви што стигнуваат во лабораторијата на ИЈЗ, рече Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

Во одговор на новинарско прашање појасни целта е да се скрати времето на чекање и резултатите да се добиваат за еден ден, односно 24 часа.

-Тоа што сега се обидуваме со двете лаборатории особено со таа во МАНУ, е практично во еден ден да се добиваат сите резултати од сите болници надвор од Скопје со систем на транспорт. Во таа смисла ќе се транспортираат материјалите на сите пациенти кои што се собрани во текот на претходниот ден и утрото ќе се испратат во лабораторијата за да може во една или најмногу во две тури да се изработат резултатите. Според информациите  што ги собравме утрово, а согласно просечниот број што го имаат болниците каде доаѓаат пациентите за дијагноза во Прилеп, Битола итн. сметаме дека овој капацитет од 50 на 100 на ден е доволен, рече Филипче.

Во моментов се прави рече и реорганизација на лабораторијата во МАНУ, која не е дизајнирана за ваков вид дијагноза, а очекува до среда најдоцна четврток овој систем да биде подготвен, односно чекањето на резултатите да се сведе на 24 часа.

Филипче најави и спроведување на скрининг во Дебар со оглед дека таму веќе нема новозаболени, а сите пациенти заздравуваат, за што ќе биде искористена донацијата од 20.000 тестови за скрининг за антитетела.

-Ќе направиме еден скрининг во бројка од 20-30 отсто од вкупното насление во регионите во кои досега имаше мерки на рестрикција на движење воведени уште пред вонредната ситуација со што сакаме да направиме скрининг на населението и да се процени имунитетот, што ќе биде одличен пример за тоа што би можеле да очекуваме и на ниво на целата држава во оној момент кога ќе одлучиме дека треба да се прави таков скрининг со антитела согласно времето на епидемијата, односно времето во кое се наоѓаме на епидемиолошката крива, посочи Филипче.

Додаде дека веќе е направен и распоредот за делење на еден милион заштитните маски донирани од Чешката Република, кои ќе бидат дистрибуирани до сите установи согласно нивната потреба.

Кон крајот на оваа недела се очекува да стигне и помошта од САД. во заштитна опрема, која, исто така ќе биде соодветно дистрибуирана или ќе бидат надополнети резервите во Министерството за здравство.

Инаку, во изминатите 24 часа на Инфективната клиника во Скопје починале четири лица, има 26 нови случаи, со што вупната бројка на дијагностицирани пациенти е 854, а вкупен број тестирања изнесува 8552. Имаме и тројца оздравени, кои се лекуваа во Штип под контроал на локалните инфектолози.

Во однос на починатите лица, Филипче појасни дека тоа се пациенти со навистина тешка форма на болеста на возраст од 79, 58, 63 и 67 години.

На Инфективната клиника во Скопје примени се тројца нови пациенти со што нивниот број е вкупно 68, а осум од нив се на механичка вентилација. Во тек е и дооппремување на Мобилната болница која располага со 100 лега, која, рече, за два дена треба да биде ставена во функција. Со тоа, според Филипче, ќе се дуплира капацитетот на Инфективната клиника.

Во болница „8 Септемрви“, информира Филипче, хоспитализирани се 31 пациент, од кои на респираторна машина се шест пациенти. Во Битолската болница хоспитализтрани се пет пациенти кои се во стабило здравствена состојба нема тешка слика болеста, а во Штип се хоспитализирани девет пациенти.

Next Post

Целосен полициски час за Велигден од петок 16 часот до вторник 5.00

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk