ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Белгија ги продолжува рестриктивните мерки до 3 мај

Состојбата со пандемијата сѐ уште не е доволно стабилна за да се укинат мерките на изолација на населението.

April 15, 2020 19:27
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Белгија попладнево најави дека рестриктивните мерки ќе се продолжат до 3 мај, по што би требало да започне постепено олеснување, доколку ситуацијата тоа го дозволи, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Состојбата со пандемијата сѐ уште не е доволно стабилна за да се укинат мерките на изолација на населението, оние кои можат да работат од дома ќе треба да продолжат тоа да го прават, да се продолжи со физичка дистанца, училиштата остануваат затворени, а се препорачува носење на маска кога тоа е возможно, но не е задолжително, сите јавни собири, фестивали и концерти се откажуваат до 31 август, изјави премиерката Софи Вилмес.

-Никој не може да каже кога ќе се вратиме на нормалниот живот, патот е долг и трнлив, а ние мораме да покажеме упорност и одлучност, на хоризонтот нѐ чека подобра иднина, истакна премиерката на денешната прес конференција.

Советот за безбедност на Белгија повторно ќе се состане идната недела за да почне да разговара за деталите на укинувањето на рестрикциите, како да се организира конкретно и постепено од почетокот на мај.

Овој процес ќе биде еволутивен и базиран на научните наоди за да се забави ширењето на вирусот, сѐ ќе зависи од резултатите на терен и пред сѐ од почитувањето на столбовите: дистанца, тестирање, следење и нови правила за работните места, додаде Вилмес.

Ова конкретно значи и дека меѓународните институции и организации како ЕУ и НАТО, со седиште во Брисел, мораат исто така да ги продолжат рестриктивните мерки.

Од 3 мај  идејата е да почне да се размислува за повторно отворање на училиштата и да се рестартира постепено економијата, која е во застој од почетокот на март. Премиерката меѓутоа одби да каже точно што и кога ќе се случува, ниту која област ќе биде прва реактивирана или кои делови од економската активност ќе бидат приоритетни.

Во периодот до 3 мај, граѓаните мораат да продолжат да ги следат истите препораки, во спротивно следуваат високи казни.

Сепак, Владата одлучи да дозволи да бидат отворени мал број продавници покрај оние за храна и лекови, но нивниот број е многу мал и состојбата е далеку од општо отворање на економската активност во земјата за сега.

Освен тоа, Владата одлучи дека ќе биде дозволено да се посетуваат лицата во старечките домови, што до сега беше строго забрането.

Next Post

Во земјава досега направени 10.000 тестови за Ковид-19, најмногу во регионот

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk