Во Полска, група граѓани се собраа на улица во тек на полицискиот час за да се спротивстават на предлогот со кој речиси целосно би се забранил абортусот во земјата.
Во Полска, скоро како и секаде, забранети се јавните собири, но на видеа се гледаа луѓе низ Варшава како луѓе држат транпаренти и стојат на 2 метри растојание еден од друг. Други ставаа постери на своите точаци како поддршка за протестот, а некои постираа видеа на социјални мрежи како „виртуелен протест“.
Денес парламентот на Полска треба да расправа за забраната да се абортираат фетуси кај кои ќе се лоцираат сериозни аномалии.
Законите за абортус во Полска се едни од најстрогите во Европа. Абортус е дозволен во случаи на силување или инцест, доколку животот на мајката е во опасност или ако плодот е со малформации.
Предлог – законот содржи забрана за прекинување на бременост ако тестирања покажале дека фетусот е неповратно оштетен, што е речиси 98% од случаите на легален абортус во Полска.
Инаку, оваа проблематична политика на Полска во врска со женските слободи и правото на абортус уште во 2016 предизвикуваа реакции кои резултираа со масовен протест на кој сите симболично беа облечени во црно.
Извор: BBC News