ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Починатиот затвореник бил зависник, немал симптоми на корона вирус

Затвореникот од февруари примал терапија за третирање на неговата зависност, откако истото било наредено од психијатар.

April 15, 2020 19:23
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Затвореникот од Истражниот затвор што починал денеска бил зависник од дрога и не покажувал знаци на КОВИД-19.

Како што рече директорот на Здравствениот дом – Скопје, Виктор Исјановски во вечерашното гостување на „Топ тема“, се работи за млад човек на кој му била ординирана и терапија поради нарко-зависноста, а смртта му е констатирана попладнево, околу 14:30 часот.

– Во разговор со лекарот на затворот од Шутка ми беше предочено дека лицето не покажувало никакви знаци на корона вирус. Во текот на денешниот ден, при последната проверка во 14 часот не се пожалил од ништо, дури бил и весел. Потоа заминал на попладневен одмор и од затворските служби било констатирано дека  починал. Повикана е Итната медицинска помош која исто така констатирала смрт, а телото на починатиот е однесено во Институтот за судска медицина.

Од сиромашните податоци што ги имаме, се работи за зависник, претежно од кокаин. Бил виден од психијатар на крајот од февруари и му е ординирана терапија. Тоа се сите информации што засега ги имаме. Јас сметам дека не се работи за корона вирус, туку за нешто друго, истакна Исјановски.

Според директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, засега брис од починатиот затвореник не е земен.

– Не е постапено од екипите на Центарот за јавно здрваје, но сигурно ќе се земе брис при обдукција во Судска медицина, а ќе се однесе и на испитување во Институтот за јавно здравје, истакна Зибери.

Зибери напомена дека досега, од почетокот на панедмијата, скоро сите 3.000 брисеви во Скопје се земени од страна на Центарот за јавно здравје, вклучувајќи го и првиот случај на дијагностициран/починат во затворот Шутка.

Извор: МИА

Next Post

Белгија ги продолжува рестриктивните мерки до 3 мај

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk