Градоначалниците на скопските општини заедно со градоначалникот Петре Шилегов и во придружба на заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска беа во посета на поголем број полициски пунктови во сите скопски општини, а го посетија и СВР Скопје.
Со оваа заедничка иницијатива на скопските градоначалници се искажува голема благодарност до полициските служби што деноноќно го чуваат Скопје и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба, како и благодарност до граѓаните на сите скопски општини кои покажуваат висок степен на одговорност за време на празничниот полициски час и ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје.
Во денешната обиколка, скопските градоначалници Стефан, Саша Богдановиќ, Златко Марин, Филип Темелковски, Велимир Смилевски, Борис Георгиевски и Александар на сите полициски службеници на пунктови, полициски станици, мобилни патроли им даваа освежителни пијалоци, во знак на поддршка што во овие вонредни околности деноноќно се грижат за безбедноста во сите општини на Скопје, соопштија од Градот.