ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

18: Владата утре одлучува за поблаги мерки, Чулев барал построг Велигден, деманти на лажните тврдења на ДПМНЕ…

Настаните на денот до 18,00 часот.

April 21, 2020 17:05
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ПРЕДЛОЗИТЕ за олеснување на мерките за движење на населението, како и дополнителните мерки за заштита како носење заштитна опрема Владата ќе ги разгледува утре на седница, на предлог на Комисијата за заразни болести.

МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче на денешната онлајн конференција истакна дека уште не сме влезени во периодот на најмногу заразени пациенти со корона вирусот. Останува прогнозата дека врвот на епидемијата се очекува на крајот на месецот април или почетокот на мај.

ЗАЕВИ донираа 200 прехранбени пакети во Банка за храна Кавадарци, кои ќе бидат распределени на социјално загрозени кавадарчани.

АПЛИКАЦИЈАТА StopKorona! има неколку илјади симнувања. Покрај нејзината улога да помогне побрзо во пронаоѓање заболени од Ковид-19, како што најавува министерот за здравство Венко Филипче во натамошниот период ќе има исклучително значење во давањето на вистинската слика заедно со правењето на проценката на имунитетот на населението.

 

На УНИВЕРЗИЕТСКАТА клиника за детски болести ситуацијата е стабилна, нема нови позитивни случаи со корона вирус меѓу персоналот. Позитивни се лаборант, медицинска сестра и докторка од Одделот за имунологија, а не од Одделот за онкологија, како што кажав на минатата прес-конференција, изјави Филипче на денешната прес конференција.

БАРАЊЕТО за конкретно олеснување на полицискиот час доаѓа од епидемиолозите и од Комисијата за заразни болести, а не од Наќе Чулев.

СДСМ: Ако претходно од ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека имало само 100 тестови за корона вирус, ако лажеа дека 140.000 граѓани во периодов останале без работа, денеска лажат за наводни ценовни шокови и инфлации и очајно се обидуваат да внесат вознемиреност во јавноста.

ТРИТЕ денари од повисоката акциза за нафтените деривати одат директно во буџетот за справување со корона вирусот, промената е незначителна бидејќи горивата поевтинија за 20 денари по литар од јануари до сега, известуваат од Владата.

СЕКТОРОТ за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР постапува по случајот на констатирана злоупотреба со лажно претставување, со што во име на државниот секретар Магдалена Несторовска се упатени лажни покани за наводна тековна истрага до повеќе правни и физички лица во државата и надвор неа. Пораката содржи линк кон веб-страница од каде потенцијално би се презел малициозен софтвер, соопштија од МВР.

МВР најостро го демантира написот на порталот Нетпрес со наслов „Функционер на СДСМ наредил апсење на момчето со куче“, во кој се изнесени низа невистини за функционирањето на МВР.

СИТЕ земји членки на Генералното собрание на ОН синоќа гласаа за резолуција која повикува забрана на секакви пазарни шпекулации поврзани со вакцината за корона вирус. Иако вакцина сѐ уште нема, и се очекува да биде создадена.

ГОДИНЕШНОТО издание на фестивалот на пивото Октоберфест е откажано поради пандемијата на корона вирус, соопштија властите во германската покраина Баварија.

Next Post

Влада: Продолжуваме да создаваме услови за уште подобри рангирања во „Репортери без граници“

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk