ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

МВР: Унгарскиот мејл е хостиран од Словачка, побарани информации за сопственост

Преку Секторот за меѓународна полициска соработка побарани се информации за сопственост кои се однесуваат на спам е-маил адресата

April 21, 2020 14:24
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР постапува по случајот на констатирана злоупотреба со лажно претставување, со што во име на државниот секретар Магдалена Несторовска се упатени лажни покани за наводна тековна истрага до повеќе правни и физички лица во државата и надвор неа. Пораката содржи линк кон веб-страница од каде потенцијално би се презел малициозен софтвер, соопштија од МВР.

Пораката е лажно потпишана од име на државниот секретар Магдалена Нестровска со интегриран скениран потпис во пораката. Во самата порака е интегрирана слика со амблем на полицијата. Во долниот дел на пораката е интегрирана слика која лажно прикажува скенирани документи во врска со наводна истрага.

Сликата е линк кон веб-страница од која потенцијално би можел да се преземе малициозен софтвер https://eeae.sa/pdf.iso. Овој линк во моментот не е активен. Меѓутоа по направените проверки на веб страната https://eeae.sa утврдено е дека таа е во сопственост на Energy Environment Advisory Enterprise, правен субјект со седиште во Бахреин кој нуди сервисни услуги на нафтени полиња во Саудиска Арабија.

Слабите заштитни мерки на самата веб страна се искористени и пронајден е начин преку кој може сторителот да шири малициозен софтвер без знаење на горенаведениот правен субјект.

Исто така, извршена е проверка на е-маил адресата и направена е анализа на хедерот на пораката преку која се испраќаат лажните информации kala.tibor@famasz.hu и утврдено е дека истата припаѓа на унгарскиот правен субјект FAMASZ, потврдуваат од МВР.

„По извршените проверки на веб страната од унгарскиот правен субјект www.famasz.hu утврдено е дека истата е хостирана во Словачка и поради тоа, преку Секторот за меѓународна полициска соработка побарани се информации за сопственост кои се однесуваат на горенаведената е-маил адреса“, соопштија од МВР.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, велат од МВР.

Фронтлајн.мк вчера објави дека Твитер заедницата веднаш штом забележа дека IP адресата е унгарска, го постави прашањето, дали можеби овој потег е побрзан со поранешниот премиер и азилант во Унгарија, Никола Груевски.

И.З.

Next Post

МВР го демантира Нетпрес дека функционер на СДСМ наредил апсење на момчето со куче

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk