ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Истражување: Реформите во правосудството на половина пат помеѓу законите и праксата

Истражувањето покажало дека кадровските проблеми се заеднички и за судството и за обвинителството. И во двата сегменти, се оценува, недостасуваат голем број судии и обвинители.

April 21, 2020 10:37
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформите во правосудството се на ниво во кое законската рамка е речиси целосно заокружена, при што ЕУ изразува задоволството од степенот на промените, партиите се со целосно спротивставени ставови, но исто и дел од експертите, кои се поделени за одредени решенија.

Ова се главните наоди на истражувањето на оваа тема што го спроведе Фондацијата Метаморфозис во рамки на регионален проект, во кој на годишно ниво се оценува степенот на напредокот во неколку клучни области, значајни за приближувањето на земјата кон ЕУ.

– Гледано по области најзначајни сегменти во напредокот се направени во законската рамка, која со усвојувањето на новиот Закон за јавното обвинителство сега е заокружена и во праксата во работењето на Судскиот совет на РСМ, кој како конечно да профункционира, па почнаа со засилено разгледување на претставки за самите судии, и со разрешувања, меѓу кои беше разрешен и претседателот на Врховниот суд, се вели во истражувањето.

Од другите сегменти меѓу другото се посочува дека судството и обвинителството и натаму се соочуваат со недоволно финансирање, иако во поглед на обвинителството, се подвлекува, законот сега е попрецезен и дефинира финансирање со најмалку 0,4 отсто од Буџетот на РСМ секоја година.

Истражувањето покажало дека кадровските проблеми се заеднички и за судството и за обвинителството. И во двата сегменти, се оценува, недостасуваат голем број судии и обвинители.

Начинот на прием на нови, се наведува во истражувањето, останува ист како што беше дефиниран минатата година односно Академијата за судии и обвинители е единствената порта и предуслов за промовирање нови кадри.

– Ефикасноста и во судството и во обвинителството, се чини дека е многу поврзана со претходно споменатиот проблем со недостиг на кадри, иако според годишните извештаи и на судството и на обвинителството, таа генерално е добра. Но, проблемот со предметите стари 3, 5 и 7 години во судовите останува како не мала бројка. Бавноста на постапките во вископрофилираните предмети поднесени од Специјалното јавно обвинителство покажуваат дека не секогаш проблем е недостигот од судии, туку и судскиот менаџмент и самото постапување на судиите, покажуваат резултатите од истражувањето.

Се наведува дека ветингот на судиите останува во игра од страна на политичарите, експертите јасно се изразија против, а засега се спроведува т.н. мек ветинг, т.е. проверка на одреден број суд, како што се посочува, од страна на Антикорупциската комисија.

Се уште треба да се работи на независноста, на транспарентноста, на дигитализацијата и севкупното ИТ унапредување во работењето на судовите и обвинителствата, стои во истражувањето изготвено согласно достапните податоци до крајот на март 2020 година, спроведено во рамки на регионалниот проект „Западен Балкан и процесот на пристапување во ЕУ: Примена на политичките критериуми“, што го води Центарот за демократска транзиција од Подгорица, Црна Гора. Проектот е подржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и од Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД.

Next Post

Заев: 29 години СДСМ, 29 години заедно со граѓаните, државнички политики, за татковината!

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk