ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Само шест проценти од директорите во јавните претпријатија се жени

Податоците од истражувањата укажуваат дека во 2018 година само 29 отсто од членовите на управните и надзорните одбори биле жени, а во 2019 овој процент изнесувал 28. Најизразена е состојбата кај директорските позиции, каде што само шест проценти се жени. Ваквата состојба укажува на систематска дискриминација која оневозможува еднаков пристап до раководни позиции во сите области на нашето живеење, истакнуваат од Институтот за демократија  „Социетас Цивилис“ – Скопје

April 21, 2020 13:27
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ФЕМИНА
Илустрација

Илустрација

Share on FacebookShare on Twitter

Според анализата на Институтот за демократија, со јавните претпријатија во нашата држава најчесто управуваат мажи, при што само шест проценти од директорите се жени.

– Податоците од истражувањата укажуваат дека во 2018 година само 29 отсто од членовите на управните и надзорните одбори биле жени, а во 2019 овој процент изнесувал 28. Најизразена е состојбата кај директорските позиции, каде што само шест проценти се жени. Ваквата состојба укажува на систематска дискриминација која оневозможува еднаков пристап до раководни позиции во сите области на нашето живеење, истакнуваат од Институтот за демократија  „Социетас Цивилис“ – Скопје.

Оттаму потенцираат дека родовата еднаквост значи дека жените и мажите, еднакво треба да уживаат исти права, ресурси, можности и заштита во општеството. На глобално ниво, постигнувањето на родова еднаквост е од приоритетна важност и се користат различни методи за да се урнат сите родовите бариери и сите форми на дискриминација.

– Учеството на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор е од клучна важност, што подразбира и еднаков статус и третман во остварувањето на човековите права и развојот на индивидуалниот потенцијал. Таквата потреба не е исклучена кога се работи и за јавните претпријатија. Праксата во нашата држава покажува дека кога е во прашање управувањето со јавните претпријатија постојат значителни разлики помеѓу жените и мажите, велат од Институтот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk