Седум новодијагностицирани од Ковид 19, направени 207 теста – се намалува бројот на заразени. Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина, соопшти министерството за здравство. Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 Кочани- 2.
Само шест проценти од директорите во јавните претпријатија се жени. Податоците од истражувањата укажуваат дека во 2018 година само 29 отсто од членовите на управните и надзорните одбори биле жени, а во 2019 овој процент изнесувал 28.
Најизразена е состојбата кај директорските позиции, каде што само шест проценти се жени. Ваквата состојба укажува на систематска дискриминација која оневозможува еднаков пристап до раководни позиции во сите области на нашето живеење, истакнуваат од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје.
Ќучук: Западниот Балкан е единствениот друг приоритет на ЕУ покрај корона вирусот. Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент со огромно мнозинство ги поддржа препораките содржани во извештајот посветен на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој требаше да се одржи во мај во Загреб, но најверојатно ќе биде одложен за јуни во форма на видеоконференција, изјави Ќучук, кој е известувач во сенка за овој извештај, покрај главниот известувач, Тонино Пицула.
Стојановски: Потребно ни е радикално реобмислување и реформа на образовниот процес. Може се во право ОСФ кои својот „индекс на медиумска писменост“ првенствено го врзуваат со мерење на квалитетот на основното образование во земјава.
Физичка пресметка во Арачиново, интервенирала полицијата.
Митрески: Се бориме за спас на секое работно место, oбезбедни нови 8 милиони евра за поволни кредити за микро, мали и средни претпријатија.
Австрија испраќа заштитни ракавици и гел за дезинфекција во Северна Македонија.
Клиника за хематологија: Навреме се обезбедува терапија за пациентите со ретки болести.
Најверојатно влошена е здраствената состојба на Ким Џонг-ун.
Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот.
600.000 жители на Стокхолм досега се заразени од корона вирусот, според вирологот Јохан Гисеке, советник на СЗО. Во исто време, тој тврди дека 99 отсто од заразените не се ни свесни дека имаат Ковид-19.