Мерките за физичка дистанца, ограничувањето на движењето како и мерките за заштита даваат добри резултати не само во вројот и процентот на заразени, туку најважно и на бројот на починати.
Практиките во светот, а особено во Европа покажа дека помалиот број на заразени дава повеќе простор за справување со пандемијата и поголема грижа за заразените кои лежат во здравствените институции. Во многу држави во Европа, а особено на оние кои во одредени периоди немале построги мерки и ограничувања процентот на смртеност е повисок споредено со бројот на заразени а во земјите каде мерките биле построги или населението било по дициплинирано смртноста е за 50% помала.
Според податоците на Worldometers, во Шпанија починале 10.4% од пациентите позитивни на КОВИД-19, а во Шведска процентот на починати достигнал до 11.51%. Но, овие бројки се најниски меѓу најтрагичните држави во аспект на морбилноста.
Во Италија, Франција и Велика Британија над 13% од заразените им подлегнале на последиците од корона вирусот.
До среда 12:00 од 129,044 заразени во Италија, 17,337 починале.
Во Белгија епилогот од КОВИД-19 е уште пострашен. Таму од вкупниот број заразени 15,332 починале 14.54% или 5,998. За повеќе од половина е помал бројот на починати во Германија, а во оваа категорија спаѓа и нашата земја.
Од 148,453 вкупно заразени во Германија до сега починале само 5,086 или 3.42% од пациентите. Под 5% е смртноста и во нашата земја.
Од 1,231 заразени до денеска во Северна Македонина, починале 55 лица или 4.46% од заразените.
Табела: Заразени Починати Процент на починати
Шпанија 204,178 21,282 10.4%
Италија 183,957 24,648 13.38%
Франција 158,050 20,796 13.14%
Британија 129,044 17,337 13.4%
Белгија 40,956 5,998 14.64%
Шведска 15,322 1,765 11.51%
Германија 148,453 5,086 3.42%
Северна Македонија 1,231 55 4.46%