ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

На вакцина против корона вирусот работат 80 тимови низ светот

Научниците од Оксфорд оценуваат дека до септември би можеле да бидат произведени еден милион пробни вакцини.

April 23, 2020 13:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На Универзитетот во Оксфорд денеска почна тестирање на потенцијалната вакцина против новиот корона вирус на доброволци, а во истовреме повеќе од 80 научни тимови во светот работат на развој на таква вакцина.

Британскиот министер за здравство Мат Ханкок најави дека Универзитетот Оксфорд за проектот ќе добие 20 милиони фунти, додека за друг британски проект, за кој е ангажиран Империјал колеџ во Лондон, ќе бидат издвоени 22,5 милиони фунти.

Научниците од Оксфорд оценуваат дека до септември би можеле да бидат произведени еден милион експериментални вакцини, а Светска здравствена организација истакна дека за развој на безбедна вакцина потребни се најмалку од 12 до 18 месеци.

Истражувачите од Универзитетот во Берн најавија дека вакцината против новиот корона вирус би можела да биде подготвена до октомври, која сега успешно се тестира на глувци.

Клиничко испитување на вакцина против Ковид-19 одобрено е и во Германија, а во тестирањето ќе учествуваат 200 здрави луѓе на возраст од 18 до 55 години. Тие ќе примат различни варијанти на вакцината, на која заеднички работат фармацевтската компанија „Фајзер“ и биотехнолошката фирма „Бајонтек“.

Во САД на почетокот од месецот почна тестирање на вакцината на компанијата „Иновио фармасјутикалз“, чиј развој е финансиран од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Резултатите се очекуваат до крајот на летото. Исто така имаше и тестирање врз луѓе на вакцината изработена од американската компанија „Модерна“.

За прва фаза на испитување врз луѓе, кинеските власти пред неколку дена одобрија две вакцини, што беа развивани на државниот Институт за биолошки производи во Вухан односно на биотехнолошката компанија „Синовак“ од Пекинг.

На 10 април компанијата „Кансино бајолоџиз“ објави дека заедно со кинеската Академија за военомедицински науки е прва во светот влезе во втората фаза за развој на вакцина против Ковид-19.

Во Русија, каде официјално е одобрено лекување на инфицираните лица со антималарискиот лек – хидроксихлорокин, најавено е клиничко испитување на една вакцина врз група од 60 доброволци. Испитувањето треба да почне кон крајот на јуни.

Американската биотехнолошка фирма „Новавакс“ заедно со австралиската компанија за клинички испитувања „Нуклеус нетворк“ следната недела ќе почне тестирање на уште една вакцина против Ковид-19, додека индискиот Институт за серуми во соработка со американската компанија „Кодаџеникс“ ќе тестира друга вакцина до септември или октомври.

Тестирање на вакцина против Ковид-19 најави и израелската компанија „Мигвакс“, која во мај ќе ја тестира вакцината на глувци, а на луѓе во текот на летото.

Next Post

Над 320 илјади пензионери ќе ги добијат пензиите една недела пред 1 мај

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk