ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Онлајн дебата: Дигиталната писменост, неопходни вештини за онлајн настава

Новата ситуација поради пандемијата, ги стави на тест дигиталните вештини и кај учениците и кај професорите.

April 24, 2020 17:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Дигиталните вештини се нужност и се исто толку важни како што е важно читањето, пишувањето, зборување и разбирањето.

Ова е еден од заклучоците на онлајн дебатата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“ што ја организираа Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската комисија во земјава како завршен настан од средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/-на“, со кој се одбележи Европската недела на медиумска писменост 2020.
Амбасадорот Самуел Жбогар посочи дека Европската комисија, свесна за неизбежноста и можностите на дигиталните технологии, го развива Единствениот дигитален пазар каде луѓето и бизнисите од сите земји-членки подеднакво и во фер услови можат да се натпреваруваат.
Со цел да се искористи сосема потенцијалот на заедничкиот дигитален пазар, граѓаните на ЕУ, исто така, ќе треба да ги развијат дигиталните вештини.
Средношколците посочија дека новата ситуација поради пандемијата, ги стави на тест дигиталните вештини и кај учениците и кај професорите.
Кризата и онлајн наставата ги покажаа слабостите за техничка опременост на училиштата, но и потребата за дообуки на наставниците. Учениците апелираат наставниците да го сменат актуелниот начин на предавање и оценување, бидејќи сѐ уште се присутни методите од класичната настава: пишување домашни работи, фотографирање и оценување. На ваков начин, учениците се демотивирани и лесно го „заобиколуваат“ системот.
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми кажа дека е свесен за недостатоците и дека еден од приоритетите е адаптација на образовниот процес за вакви услови. Посочи дека онлајн наставата е единствено решение кон кое се прилагодиле и покрај затекнатоста од новата ситуација. Тој укажа дека во иднина треба да се работи на надградба на образовните процеси за вакви ситуации.
Освен потребата за нови дигитални вештини, учениците, професорите и новинарите кои работеа новинарски приказни во рамки на конкурсот „Биди медиумски активен/на“, посочија дека стекнале новинарски вештини кои се дел од медиумската писменост.

 

На конкурсот пристигнаа 61 апликација од вкупно 27 средни училишта и 36 медиуми. Од нив, беа избрани шест тимови од средношколци и новинари: ПСУ САБА од Скопје соработуваше со Радио Слободна Европа, СОМУ „Гостивар“ со ТВ Алфа, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп со ТВ 24 Вести, СОУ „Богданци“ со ТВ Вис, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола со ТВ Тера и СОУ „Исмет Јашари“ – Липково со дневниот весник Коха.

Сите информации за средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/на“ се достапни на www.medium.edu.mk.

Next Post

Димитров: Европската солидарност дава чувство на сигурност (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk