ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Универзитетско студентско собрание при УКИМ бара еднократна социјална стипендија за сите финансиски загрозени студенти

Во однос на краткорочните мерки, бараме воведување на вонредна социјална стипендија, по теркот на социјалната стипендија која ја доделува Министерството за образование за семејствата кои се исклучително погодени од кризата, кои одржуваат студенти и имаат приходи помали од просечните приходи, односно помалку од 14.000 денари по член на семејството, а одржуваат студент.

April 24, 2020 12:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Воведување на еднократна социјална стипендија во износ од 6.000 денари за сите студенти засегнати од финансиската криза, но и доделување на електронски уреди за оние студенти на кои им се потребни поради следење на онлајн наставата, се дел од мерките кои денеска ги побара Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

Како што истакна на денешната прес-конференција претседателот на Университетското студентско собрание Борјан Ефтимов, овие мерки ќе им помогнат на сите студенти кои директно се засегнати од финансиската криза поради вонредната состојба.

Според него, потребно е воведување на вонредна социјална стипендија за семејствата кои се исклучително погодени од кризата, кои одржуваат студенти и имаат приходи помали од просечните приходи, односно помалку од 14.000 денари.

– Ние се фокусиравме на краткорочни и долгорочни мерки кои финансиски ќе ги помогнат студентите. Во однос на краткорочните мерки, бараме воведување на вонредна социјална стипендија, по теркот на социјалната стипендија која ја доделува Министерството за образование за семејствата кои се исклучително погодени од кризата, кои одржуваат студенти и имаат приходи помали од просечните приходи, односно помалку од 14.000 денари по член на семејството, а одржуваат студент.

Оваа вонредна еднократна социјална стипендија, како што рече Ефтимов, треба да биде во износ од 6.000 денари, за да ги задоволи минимум потребите на студентите во следните неколку месеци.

Тој додаде дека е покрената и иницијатива за прибирање податоци за студенти кои не располагаат со уреди за следење на наставата, и бараат донатор кој ќе ги обезбеди тие уреди.

-Собравме податоци и сега почнуваме со постапка за барање на донатор, некој кој ќе ги обезбеди тие уреди. Апелираме до сите општестевно одговорни компании кои ќе ги исконтактираме да се одважат на повикот и да да им донираат на студентите електронски уреди за следење на наставата.

За сите семејства кои останале без работа во месец април, Универзитетското студентско собрание бара да бидат исто така вметнати со уште една вонредна социјална стипендија исклучиво за овие семејства, а финансираат студенти.

-Бараме Министертсвото за образование да ја имплементира оваа стипендија и студентите да се пријавуваат како би можеле да добијат едно од двете, дали за исклучоително ниски примања или за стиденти кои останале без работа. Дополнително ќе се фокусираме и на долгорочни мерки и повикуваме на социјален дијалог меѓу институциите, студентите, да разгледаме заедно кои се мерките кои би ги опфатиле понатаму од септември, додаде Ефтимов.

Во однос на прашањето дали одржување на онлајн наставата дава резултати, Ефтимов рече дека голем дел од професорите ја одржуваат наставата кога природата на материјата го дозволува тоа, а за секоја настава која бара физичко присуство, треба да се одржи во текот на летниот период.

-Наставата која не може да се одвива онлајн, треба да се доврши во текот на летните месеци. Студентите кои имаат практична настава реално не можат да ја изведуваат, и поради тоа, кога ќе настапат околности да може физички да се присуствува на наставата, да можат да го добијат знаењето за кое се запишале на факултетот. Ние како Универзитетско собрание исто така сметаме дека преку онлајн полагање не испити или колоквиуми не може да се гарантира квалитетот, а и ќе се создаде разлика меѓу студенти кои имаат услови да полагаат онлајн и студенти кои немаат брз интернет и современи уреди за да ги полага испитите. Затоа треба да има дополнителни сесии, кога ќе има услови за тоа, рече Ефтимов.

Next Post

(ВИДЕО) Хали Бери ѝ ја избричи главата на ќерка сѝ по оштетување на косата од хлор

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk