Компанијата Луксико од Свети Николе, дел од семејството на Фонд за иновации и технолошки развој, произведе подвижен UV стерилизатор и го донира на Министерството за здравство на Република Северна Македонија во борбата против корона вирусот.
Стерилизаторот има улога за целосно стерилизирање внатрешни простории со UV зраци.
Уредот е мобилен и може да се движи низ простории, и има вградената батерија како напојување. Вклучувањето и исклучувањето може да биде рачно, со далечинско управување или преку мобилна апликација.
Уредот користи 4 ултравиолетови гермицидни цевки (UV-C) со должина од 60cm поставени вертикално за распределување на светлината од 360 степени. UVC зраците ги уништуваат бактериите и вирусите во воздухот и на површините.