Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов објави фортографии со новиот изглед на булеварот Никола Карева, меѓу скопјани попознат како Пластичарска улица.
Изминатиов период интензивно, со засилено темпо и ноќно работење се реконструираше и прошири булеварот Пластичарска, којшто е еден од најважните сообраќајници во Скопје, бидејќи поврзува четири општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош. Затоа, оваа реконструкција е посебно значајна и од особен интерес за граѓаните кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат во овој фреквентен дел од градот.