ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вториот тест на градоначалникот Димитриевски е негативен, дебатата ќе ја водиме внатре во партијата

Градоначалникот соопшти и дека по потребната самоизолација и вториот негативен тест за корона вирус, тој се враќа на работните обврски.

April 29, 2020 18:48
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој беше првиот политичар кај нас позитивен на Ковид-19, денес соопшти преку својот Фејсбук профил дека и вториот тест за корона вирус на кој подлежал е негативен.

Имено, заради посетата на Куманово и средбата со градоначалникот Димитриевски, неколку високи преставници од Владата беа во самоизолација.

Градоначалникот соопшти и дека по потребната самоизолација и вториот негативен тест за корона вирус, тој се враќа на работните обврски.

Димитриевски, исто така, се соочува и со пријава за непочитување на мерките, за што имаше и реакција од неговата матична партија СДСМ.

„Од 1995г. се водам по начелата на мојата партија за демократија, еднаквост, отчетност, одговорност… и во тој дух ја извршувам функцијата градоначалник на најголемата општина во државата и ќе продолжам така.
Длабоко сум разочаран од изјавата на портпаролот на СДСМ и ја сметам за избрзана и несреќна. Покрај политичка носиме и институционално – општествена одговорност кон граѓаните и јавноста кои не избираат по предлог на партиите.
– Дебатата ќе ја водиме внатре во партијата.
Сега е време за дејствување против епидемијата и помош на граѓаните.
Постапката ќе покаже дека нема основ за кривично дело и дополнително ќе ги потврди сомнежите. Институционалната хајка која се води против мене и членовите на штабот изминатите денови за мене до овoj момент е неразбирлива.
Не сакам ни да помислам дека некој во овие тешки моменти се поигрува со здравјето на моите сограѓани, води политика и креира црни сценарија за елиминација на неистомисленици.
До тогаш останувам посветен на борбата против епидемијата и моите секојдневни обврски за доброто на сите граѓани.
– Уште еднаш ја повикувам директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Министерот за здравство да го достави извештајот на увид на мене, штабот и јавноста, сепак тоа не е таен документ.
– Сакам да ја информирам јавноста дека штотуку го добив резултатот од вториот контролен тест кој е негативен направен во Институтот за Јавно Здравје, од утре продолжувам посветено со моите работни обврски.

– Да живее Социјал Демократски Сојуз на МАКЕДОНИЈА, Куманово, Македонија и сите нејзини граѓани”, напиша Димитриевски на Фејсбук.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

По вториот негативен тест за Ковид-19, Филипче се враќа на вообичаениот начин на работа

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk