ОКОЛУ 2 часот по полноќ, изби голем пожар кај Трговскиот центар Мавровка.
МИНИСТЕРСТВОТО за труд и социјална политика, на својата официјална страна потсетува дека работниците кои работат на празник определен со закон, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата.
ВИДЕО колумна БЕЗ ФИЛТЕР, Џабир Дерала дава одговор на прашањето: Зошто ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се против реактивирање на Собранието?
МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче тврди дека е избран идеалниот модел за нашата земја и нашиот здравствен систем, за справување со пандемијата, истакнувајќи оти сега се гледаат резултатите од тоа, односно дека постепено се намалува бројот на дијагностицирани пациенти и бројот на тестови.
СЕ укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна 2019/2020 година за ученици од завршните години во средните училишта.
КАНЦЕЛАРИЈАТА на Светска банка во Скопје соопшти дека се одобрени 90 милиони евра за поддршка на земјава за спречување на корона вирусот, за зајакнување на националниот здравствен систем и за ублажување на социјалните последици од пандемијата.
СООБРАЌАЈОТ на патиштата низ државата се одвива по суви коловози, а Авто мото сојузот на Македонија препорачува да се прилагоди брзината на движење на патиштата низ клисурите каде има можност за појава на одрони.
ВРЕМЕТО во земјава ќе биде променливо облачно и малку потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
А. Н. Стојчевски