ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Починаа десетици новинари од Ковид-19 за два месеца

Десетици новинари починаа низ светот од новиот коронавирус во изминатите два месеца, соопшти невладината организација Кампања за заштина на медиумите (ПЕЦ), која алармира дека медиумските работници честопати немаат соодветна заштита од заразата.

May 1, 2020 17:56
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Десетици новинари починаа низ светот од новиот коронавирус во изминатите два месеца, соопшти невладината организација Кампања за заштина на медиумите (ПЕЦ), која алармира дека медиумските работници честопати немаат соодветна заштита од заразата, објави МИА.

Непосредно пред одбележувањето на Светскиот ден на медиумите, 3 мај, организацијата предупреди дека многу новинари се изложени на опасност известувајќи за светската здравствена криза, при што многумина од нив се заразиле со Ковид-19.

ПЕЦ потврди дека од 1 март се регистрирани 55 смртни случаи од коронавирус меѓу новинарите во 23 земји, меѓутоа се уште не е познато дали сите тие се заразиле при извршувањето на своите работни задачи.

– Новинарите се изложени на голем ризик во оваа здравствена криза поради потребата да информираат преку посета на болници, интервјуирање лекари, медицински сестри, политички лидери, специјалисти, научници, пациенти, се додава во соопштението на ПЕЦ.

Исто така, се нагласува дека во голем број држави не се применуваат „неопходните мерки за заштита“, како што се физичко растојание, карантин и носење заштитни маски, особено на почетокот на епидемијата.

Еквадор е најпогодената земја со најмалку девет новинари кои починале од вирусот, потоа следуваат САД со осум, Бразил со четири и Велика Британија и Шпанија со по тројца новинари.

Невладината организација, исто така, нагласи и дека пандемијата на Ковид-19 се искористи во некои земји како оправдување за замолчување на медиумите.

Next Post

УЈП ги повикува работодавачите да поднесат барања за финансиска поддршка за исплата на плати

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk