ДОДЕКА државниот врв се поклонува пред моштите на гробот на Гоце Делчев, навивачките групи очигледно си тераат партиска агенда.
БУГАРСКИОТ европратеник Андреј Ковачев – Не сакаме да им го одземеме Делчев на Македонците, во основа на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е толкувањето на историјата.
ВО НОВАТА нормалност, со старата ненормалност – колумна на Џабир Дерала.
ИВАНОВСКА од ДКСК – Нашето соопштение се однесуваше на судирот на интереси на уставните судии во постапувањето за уредбите за платите.
СЕДУМ нови случаи со Ковид 19, оздравени 47 пациенти, еден починат. Во изминатите 24 часа, направени се 113 тестирања.
МАКЕДОНСКАТА економија со најмалку штети во регионот, забавување на економијата од 3,4%, позитивни резултати во четвртото тромесечие, рече потенцира министерката за финансии Ангеловска на денешната прес-конференција.
ТОВАРОТ од кризата да го понесе и јавниот сектор подеднакво како и приватните фирми, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.
НАД 7.000 компании аплицирале, користат или ќе користат некоја од економските мерки.
АПЛИЦИРАЛЕ 5.350 фирми за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 23%
ХРИСТИЈАН Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно и деструктивно однесување во клучните моменти за државата и во периодот на тешката борбата против коронавирусот. Таа потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повторно, како и многу пати досега се на погрешната страна од историјата.
ГРАДОТ Скопје информира дека до денеска 100 уметници биле дел од програмата „Култура во време на корона“.
ПОЛИЦИСКИ хеликоптер М-17 пред еден час се урнал веднаш по полетувањето од платформата на аеродромот во Скопје. Лесно повреден е само еден член на екипажот.
СОСТАНОК на лидерите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан ќе се одржи в среда, 6 мај, преку видео конференциска врска поради пандемијата на новиот коронавирус, соопшти хрватското претседателство со ЕУ.
ВО РУСИЈА, 5.352 лица (50.6 проценти) позитивни на новиот коронавирус немале никакви симптоми, соопштија од кризниот штаб во Москва.
Ј. Ѓорѓиоски