Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стефан Богоев, денес на своите профили на социјалните мрежи сподели за последната од низа активности низ општината за помош на граѓаните во текот на епидемијата од корона вирусот.
Имено, денес Богоев заедно со членови на општината и невладини организации, разделија заштитни маски за повеќекратна употреба во поруралните делови на општина Карпош, како Злокуќани, Нерези и Бардовци.
Градоначалникот исто така се заблагодари и на амбасадорот на Република Словачка во земјава, Хенрих Маркуш и на невладината организација Македонија Welcome Centre за помошта.
Започнавме со делење на 3.000 маски за повеќекратна употреба, за поруралните делови во Карпош (Злокуќани, Бардовци, Нерези). Маските ќе се делат и пред фреквентни места: маркети, банки, автобуски постојки. Благодарност до Амбасадата на Словачка, амб. Хенрик Маркуш и НВО „Македонија Welcome Centre“, напиша градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.
Започнавме со делење на 3.000 маски за повеќекратна употреба, за поруралните делови во Карпош (Злокуќани, Бардовци, Нерези).
Благодарност до Амбасадата на Словачка, амб.Хенрик Маркуш и НВО „Македонија Welcome Centre“. ????? pic.twitter.com/3qBmQXH7Ao— Стефан Богоев (@stefanbogoev) May 5, 2020
A. H. C.







