ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи за досега реализираните мерки за помош на компаниите и најава за проект со Светска банка

Економските политики покажаа дека мерките носат резултати, а проекциите на Светска банка сугерираат дека земјава соодветно ќе се справи со кризата.

May 5, 2020 11:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Советникот на премиерот Спасовски, Фатмир Битиќи на прес конференција од медиа центарот во Владата во своето излагање ги опфати сите досега преземени мерки од Владата, уште еднаш нагласи дека апсолутно сите групи граѓани се опфатени со предвидените пакети помош, никој не е изоставен, а најави и дополнителна помош од Светска банка за подобрување на здравствениот систем и социјалата.

Владата на Република Северна Македонија многу брзо ја подготвти и започна да ја реализира стратегијата за поддршка на економијата. Целта е да се помогне на што повеќе граѓани, да се зачуваат што повеќе работни места, да се поддржи ликвидноста на компаниите и да се постават темели за рестарт на економијата.

Вториот пакет од мерките е и најважен, затоа што овозможува континуитет на работните односи и редовна исплата на плати и придонеси и создава реални услови за зачувување на работните места. Аплицирањето за оваа мерка започна на 1 мај, за која веќе пристигнале над 12.000 апликации. Апел за компаниите кои сѐ уште не аплицирале, да го сторат тоа преку системот на е-даноци на УЈП најдоцна до 7 мај, кога е и последниот рок за пријавување.

Уредбата за финансиска поддршка на компании за плати овозможува враќање на работа на работниците кои ги изгубиле работните места заради ситуацијата со епидемијата од Ковид-19. Околу 2.000 работници останале без работа во месец март и 7.000 во април, што е далеку од дезинформациите на ДПМНЕ дека бројката на граѓани кои останале без работа е 100.000.

Пакетите Ковид1 и Ковид2 со тежина од 13,7 милиони евра се наменети за сите микро, мали и средни претпријатија.

Само за Ковид2 до вчера, и покрај празничниот викенд, биле примени 1260 апликации за финансиска бескаматна помош, од објавувањето на мерката на 29 април.

Економските политики покажаа дека мерките носат резултати, а проекциите на Светска банка сугерираат дека земјава соодветно ќе се справи со кризата.

Владата е заедно со граѓаните и стопанствениците и се бориме за зачувување на работните места и платите, додаде Битиќи.

За работниците во неформалната економија беше обезбеден брз влез во систем за заштита и обезбедена минимална помош во износ од просечната плата во земјата, 14.500 денари.

Ранливите групи, исто така, не се изоставени со законот за социјална заштита во време на вонредна состојба, а досега во центрите за социјална работа се примени 970 нови барања за остварување на правото на минимална помош.

Советникот Битиќи најави и дополнителен проект со Светска банка за брзо дејствување против кризата, во износ од 90 милиони евра, средства кои ќе бидат наменети за зајакнување на здравствените капацитети и помош на домаќинствата погодени до кризата, но и паричен надоместок за оние кои ги изгубиле работните места.

Освен предвидената помош за ранливите категории, 30.000 домаќинства на социјална помош добиваат и по 1000 денари енергетски додаток до септември, со исклучок на месеците април и мај.

Солидараноста на дело, кратиме непродуктивни трошоци таму каде можеме, даваме онаму каде што недостасува, додаде Битиќи.

Само солидарно ќе успееме да се избориме со сите предизвици што се поставија пред нас. Никој не е сам, никој нема да биде заборавен, државата прави сѐ за полесно да ја пребродиме кризата, истакна Битиќи пред да почне со одговарање на новинарски прашања.

 

А. Н. С.

 

 

Next Post

Заев: Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност и темел на македонскиот идентитет

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk