ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Заев: Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност и темел на македонскиот идентитет

На овој ден во 1945 година, азбуката на македонскиот јазик е усвоена како официјално писмо, а денес, нашиот, македонски јазик е признаен и потврден.

May 5, 2020 11:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати видео честитка по повод денот на македонскиот јазик, 5 мај.

„Јазикот е нашата најкомплетна татковина“ ќе рече македонскиот великан Блаже Конески.

Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност и самобитност, темел на македонскиот идентитет.

Горд сум што денеска, кога го празнуваме Денот на македонскиот јазик, 5-ти мај, можеме да кажеме дека го сочувавме аманетот на нашите предци.

Македонскиот јазик е реалност, признаен од целиот свет, впишан во картата на јазиците и во нашата карта во Обединетите Нации.

На овој ден во 1945 година, азбуката на македонскиот јазик е усвоена како официјално писмо, а денес, нашиот, македонски јазик е признаен и потврден.

На тој јазик комуницираме во своја, независна и слободна држава, но на тој јазик комуницираме и со нашите пријатели ширум светот. Гордо и достоинствено.

Оддавам признание пред наследството на светите браќа Кирил и Методиј, пред творештвото на Крсте Петков Мисирков и преродбениците, пред делата на Блаже Конески и пред кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.

Благодарение на нивната посветеност, денес македонскиот јазик е дел од светското јазично богатство.

Упатувам огромна благодарност до лингвистите и македонистите кои неуморно работат на збогатување и унапредување на македонскиот литературен јазик, но и на зачувување на дијалектите, како неговата посебност.

Оддаваме почит кон нашето славно минато, но даваме и збор пред нашата сегашност.

Продолжуваме да го негуваме и да ја унапредуваме употребата на македонскиот јазик.

Пред една година Владата на СДСМ го прогласи денешниот ден за Ден на македонскиот јазик, тргнувајќи од потребата за што поголема грижа за нашиот мајчин јазик.

Афирмацијата и унапредување на македонскиот јазик, како официјален јазик на нашата татковина е наша водилка.

Да живее македонскиот јазик, да живее нашата татковина, вели Заев во обраќањето по повод денот на македонскиот јазик, 5 мај.

 

 

А. Н. С.

 

Next Post

Кризниот штаб барал одговорност од Чулев

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk