Портпаролот и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов на денешната прес-конференција одговараќи на новинарски прашања за тоа како се дојде до ситуација „ајде на избори“ и дали брзи избори би биле погодни за македонското општество и економија кои се погодени од корoна кризата, одговори дека ставовите на СДСМ се конзистентни и непроменливи. Костадинов нагласи дека ставот на СДСМ е веднаш по нормализација на состојбата со коронавирусот треба да се оди на избори и додаде дека тоа е одговорно од здравствен и економски аспект.
„Секако дека во однос на ставовите на СДСМ морам да кажам дека се во континуитет конзистентни и непороменливи. Од самиот почеток на корона кризата нашите ставови се да максимално да се почитуваат препораките коишто доаѓаат од кризниот штаб, епидемиолозите, стручните лица кои се соочуваат и се борат против Ковид 19.
Имајќи ги предвид последните мислења и заклучоци на експертите, епидемиолозите и лица кои навистина ја разбираат оваа проблематика дека се наоѓаме во една друга фаза којашто каде Ковид 19 вирусот полека го губи интензитетот. Нашиот став е дека веднаш по нормализацијата со коронавирусот треба да се оди на избори. Зошто? Зарад тоа што е тоа важно и за економијата, секако имајќи ги предвид и мислењата што кружат низ Евопа и светот дека можеби не очекува и некој нов бран на Ковид 19 вирусот, одговорно е да имаме демократски избори и функционален Парламент.“, одговори Костадинов на новинарското прашање.







