ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски – Герберих: Направени се историски исчекори, очекувања за натамошен демократски развој

На средбата е поздравена работата на Владата за време на здравствената криза, како успешно справување со ситуацијата.

May 5, 2020 13:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
На средбата која денеска ја имаше премиерот Оливер Спасовски со Томас Герберих, амбасадор на Германија кој го завршува својот мандат во нашата држава,  поздравени се историските исчекори на земјава во демократските процеси, добрососедските односи, членството во НАТО и отворените европски перспективи со одлуката на ЕУ за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски изрази благодарност до канцеларката Меркел, до германската Влада, до амбасадорот Герберих и до Германската амбасада за огромната поддршка во сите специфични процеси во нашата држава, за искреното и големо пријателство од Сојузна Република Германија, како и од сите земји членки на ЕУ, со што позитивните резултати од овие големи процеси станаа реалност.

Ви ја врачувам оваа плакета како знак на огромна благодарност за сè што направивте лично и како претставник на нашиот голем пријател, Сојузна Република Германија, за Република Северна Македонија и за нашите национални интереси, рече премиерот Спасовски.
На средбата е поздравена работата на Владата за време на здравствената криза, како успешно справување со ситуацијата.
Направивме сè да го заштитиме јавното здравје и да обезбедиме функционалност на здравствениот систем и покажавме дека, ако се сака, институциите можат да функционираат. Ќе продолжиме со грижата за граѓаните и за државата, рече премиерот Спасовски. Тој се заблагодари за поддршката од Германија и од ЕУ на нашата земја, во надминувањето на предизвиците од здравствената криза.
На состанокот се споделени информации и оценки околу можното траење на пандемијата и мерките за здравствена заштита што ќе се преземаат во услови на можно релаксирање на рестрикциите на движење.
Разговарано е и за други актуелни прашања.
Оценето е дека Република Северна Македонија покажала дека е вистинска демократска земја и очекувањата се дека низ реформските процеси ќе продолжи да се развива во таа насока, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата./МИА/
Next Post

Костадинов: Веднаш по нормализација на состојбата со коронавирусот треба да се оди на избори

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk