СПАСОВСКИ: Северна Македонија во последните три години реши сериозно да заврти нови страници во својата историја. Излеговме од длабока политичка криза и ги возобновивме демократските институции и владеењето на правото. Испорачавме конкретни и одржливи резултати во спроведувањето на ЕУ поврзаните реформи и во добрососедските односи.
ДЕКЛАРАЦИЈАТА од Загреб ја адресира и кризата со корона вирусот и ЕУ се залага за своите партнери од Западен Балкан и останува посветена на активна поддршка на нивните напори за борба против корона вирусот и за справување со последиците врз општествата и економиите.
ЛИДЕРОТ на СДСМ Зоран Заев, на Самитот на ПЕС што се организира онлајн во услови на пандемија, се заблагодари на поддршката што ЕУ ѝ ја овозможува на нашата земја и ја истакна потребата од солидарност и практична демонстрација на социјалдемократските вредности.
СПАСОВСКИ на самитот ЕУ – Западен Балкан: Подготвени сме за следните чекори и ќе работиме посветено со Комисијата и ЕУ Советот што поскоро да ја закажеме Првата Меѓувладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно новата методологија.
МИНИСТЕРКАТА за финансии Нина Ангеловска истакнува дека треба да се гордееме со постигнувањата на домашните текстилни компании во услови на корона-кризата. Таа го поздравува нивното брзо адаптирање на производството на заштитна опрема во полн капацитет.
На ПОЛНОЌ истекува рокот во кој компаниите може да поднесат барање до Управата за јавни приходи за мерката за исплата на финансиска поддршка за исплата на платите за април годинава во износ до 14.500 денари месечно по вработен.
ФРОНТ: Денис Јанкуловски: Зошто им пречат необичните, нетипичните, прекрасни деца?
БУГАРСКИОТ премиер Бојко Борисов на министерскиот совет по Самиот ЕУ-Западен Балкан истакна: Ние кажавме кои се нашите услови за Република Северна Македонија да биде примена во Европската унија.
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на ЕК, фон дер Лајен: Одржувањето на овој самит сведочи за тоа дека западниот Балкан е апсолутен приоритет за ЕУ и за Комисијата, регионот припаѓа во ЕУ, нема сомнеж околу тоа и ние имаме одговорност да им помогнеме на нашите партнери во регионот, посебно во однос на последиците од корона вирусот.
ДЕПОЗИТИТЕ на граѓаните се безбедни. Нема потреба од никаков страв кај граѓаните. Депозитната база е стабилна, порача вечерва гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска.
ДУРИ 57 отсто од Французите сега имаат повеќе килограми од почетокот на примената на мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, на 17 март.
ПРЕТПЛАДНЕ ќе преовладува променливо облачно време, а попладне облачноста ќе се намалува.
СООБРАЌАЈОТ на патиштата се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
А. Н. Стојчевски