ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Спасовски – подготвени сме да ги почнеме преговорите, Западен Балкан е приоритет на Европа, браво за македонските текстилци…

Утрински преглед на настаните.

May 7, 2020 08:04
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

СПАСОВСКИ: Северна Македонија во последните три години реши сериозно да заврти нови страници во својата историја. Излеговме од длабока политичка криза и ги возобновивме демократските институции и владеењето на правото. Испорачавме конкретни и одржливи резултати во спроведувањето на ЕУ поврзаните реформи и во добрососедските односи.

ДЕКЛАРАЦИЈАТА од Загреб ја адресира и кризата со корона вирусот и ЕУ се залага за своите партнери од Западен Балкан и останува посветена на активна поддршка на нивните напори за борба против корона вирусот и за справување со последиците врз општествата и економиите.

ЛИДЕРОТ на СДСМ Зоран Заев, на Самитот на ПЕС што се организира онлајн во услови на пандемија, се заблагодари на поддршката што ЕУ ѝ ја овозможува на нашата земја и ја истакна потребата од солидарност и практична демонстрација на социјалдемократските вредности.

СПАСОВСКИ на самитот ЕУ – Западен Балкан: Подготвени сме за следните чекори и ќе работиме посветено со Комисијата и ЕУ Советот што поскоро да ја закажеме Првата Меѓувладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно новата методологија.

МИНИСТЕРКАТА за финансии Нина Ангеловска истакнува дека треба да се гордееме со постигнувањата на домашните текстилни компании во услови на корона-кризата. Таа го поздравува нивното брзо адаптирање на производството на заштитна опрема во полн капацитет.

На ПОЛНОЌ истекува рокот во кој компаниите може да поднесат барање до Управата за јавни приходи за мерката за исплата на финансиска поддршка за исплата на платите за април годинава во износ до 14.500 денари месечно по вработен.

ФРОНТ: Денис Јанкуловски: Зошто им пречат необичните, нетипичните, прекрасни деца?

БУГАРСКИОТ премиер Бојко Борисов на министерскиот совет по Самиот ЕУ-Западен Балкан истакна: Ние кажавме кои се нашите услови за Република Северна Македонија да биде примена во Европската унија.

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на ЕК, фон дер Лајен: Одржувањето на овој самит сведочи за тоа дека западниот Балкан е апсолутен приоритет за ЕУ и за Комисијата, регионот припаѓа во ЕУ, нема сомнеж околу тоа и ние имаме одговорност да им помогнеме на нашите партнери во регионот, посебно во однос на последиците од корона вирусот.

ДЕПОЗИТИТЕ на граѓаните се безбедни. Нема потреба од никаков страв кај граѓаните. Депозитната база е стабилна, порача вечерва гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска.

ДУРИ 57 отсто од Французите сега имаат повеќе килограми од почетокот на примената на мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, на 17 март.

ПРЕТПЛАДНЕ ќе преовладува променливо облачно време, а попладне облачноста ќе се намалува.

СООБРАЌАЈОТ на патиштата се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 

А. Н. Стојчевски

Next Post

СДСМ: Антикризните мерки на Владата се темел за интензивирање на економијата по завршување на кризата

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk