ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Бројот на заразени во наредните денови ќе биде клучен за одлука за мерките

Помошта која пристигнува од секаде навистина го олеснува справувањето со епидемијата, здравствениот систем не е преоптоварен и тоа е голема предност во напорите за справување со ширењето на заразата Ковид-19.

May 7, 2020 14:25
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот соопшти дека со 33 нови случаи, вкупниот број дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

Стигнаа 20 монитори, уште дополнителни од нивната вкупна помош 25.000 маски N95, 100.000 хирушки маски, 750.000 пара раквици, 10.000 заштитни очила, со што вкупната вредност на помошта од ЕУ заедно со респираторите, кои стигнаа или ќе стигнат, достигна 3,2 милиони евра, додаде министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека ќе стигнат и 20 респиратори од Норвешка, а со 20-те респиратори од ЕУ и со 15-те потврдени преку УНДП има значајно зголемување на бројот на респираторни машини.

Филипче додаде дека тоа е многу повеќе од две третини од вкупниот број респиратори со кој располага земјава, тие соодветно ќе се распределат и тоа е едно значајно зајакнување на здравствен систем.

Бројките на заразени во следните денови ќе бидат клучни во носење одлука за евентуално олабавување на мерките и полицискиот час.

Вакцинацијата која е предвидена за 2021 најверојатно ќе биде единствениот начин на најсигурна заштита од вирусот, на светско ниво.

Во врска со повторното отворање на градинките, уште пред неколку дена беше најавено од министерството дека ќе се спроведува скрининг тестирање на одредени групи граѓани кои би можело да се асимптоматски, а кои заради работното место се поизложени на вирусот, како полиција, лекари, вработени во градинки итн.

За порастот на бројот на заразени во Велес, министерот вели дека станува збор за одреден кластер.

За ситуацијата во Куманово, исто така ќе се почека неколку дена, доколку е намален трендот на заболени, секако дека и таму мерките би биле поблаги.

Со 33-те нови случаи денес во земјава, имаме скок на новодијагностицирани пациенти и тоа ќе го следиме наредните денови, за да видиме дали е случајност, некаква варијација или ќе биде некаков тренд.

– Ако се сеќавате, во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал, но и значајно голем број заболени, во еден момент имаше и над 100 новодијагностицирани. Во таа смисла во текот на утрешниот ден, во сабота, ќе ги анализираме новодијагностицираните случаи и ќе носиме заклучоци на што се должат тие.

Засега остануваат на сила сите мерки и апелирам сите граѓани да продолжат доследно да ги почитуваат, потенцира Филипче.

 

А. Н. С.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Mодернизација на градскиот зелен пазар во Крива Паланка

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk