ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шекеринска: Очекуваме годинава целосно да започнат преговорите со ЕУ, во моментов приоритет е справувањето со епидемијата

Европската унија за многу брз временски период успеа да покаже врвно единство и врвна солидарност и кон нас. Парите кои веќе ги добивме, се многу значајни и за борбата со епидемијата, но и за нашиот буџет и за нашата економска состојба.

May 7, 2020 11:48
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Очекуваме уште во текот на оваа година целосно да започнат преговорите за членство на земјава во ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговорајќи на новинарско прашање, зошто на Самитот ЕУ и Западен Балкан фокусот беше ставен на пандемијата, а не на проширувањето.

– Пред пет години или пред 10 години ќе ни беше битен Самит на којшто ќе се спомне зборот „проширување“. Сега зборот „проширување“ и зборот „пристапни преговори“ веќе се дел од заклучоците на ЕУ што се однесуваат на Северна Македонија.

Имаше многу скептици, имаше луѓе кои тврдеа, особено од опозицијата, дека оваа година нема шанси Северна Македонија да ги почне преговорите, меѓутоа ЕУ покажа дека во најтешките моменти, а тоа беше крајот на март, кога епидемијата стана проблем број еден во светот, успеаја да постигнат целосен консензус и да донесат одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија, рече министерката.

Нормално беше, додаде таа, дека загребскиот самит целосно ќе биде во функција и во сенка на епидемијата.

– Во секоја од нашите држави гледаме дека се друго стана второстепено прашање бидејќи кога имате битка за здравје и за живот, тоа секогаш има приоритет. И она што мислам дека и самитот покажа, е дека Европската унија за многу брз временски период успеа да покаже врвно единство и врвна солидарност и кон нас. Парите кои веќе ги добивме, се многу значајни и за борбата со епидемијата, но и за нашиот буџет и за нашата економска состојба. Но, она што се кажа и на Самитот, е дека Унијата планира дополнителни финансиски средства со кои ќе го помогне економскиот развој и битката со епидемијата на целиот регион. Ние сме во постојана битка, од една страна да заштитиме животи, да го заштитиме здравјето, но од друга страна да и дадеме шанса на економијата да го преживее овој голем удар, нагласи Шекеринска.

Таа потсети дека голем  број на бизниси мораа привремено да затворат заради рестриктивните мерки.

– Ние полека ги олабавуваме рестриктивните мерки, но мора да водиме сметка за да го минимизираме ударот на вториот бран, кој сите го најавуваат дека ќе се случи во втората половина на годината. Сега ни треба и помош, сега ни требаат и финансии за државата подготвено да го дочека вториот бран на епидемијата на ковид и мислам дека поддршката на ЕУ се покажува дека е клучна во овој период. Пред десетина дена излезе извештајот на Светска банка за сите земји во регионот и нивните предвидувања, што ќе се случува следниов период.

Една од почетните реченици во извештајот на Светска банка за нас беше дека Северна Македонија побрзо ќе се врати и ќе го надмине овој економски голем удар заради членството во НАТО и заради почетокот на преговори со Европската унија. Затоа инвестиравме во овие две стратешки цели. Затоа што и економијата ќе ни биде пожилава и поддршката ќе биде поголема, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринкса, која денеска беше во посета на Неготино и направи увид на реконструкцијата на патниот правец Криволак – Пепелиште./МИА/

Next Post

СЗО: Шест или седум вакцини за Ковид-19 се во рана фаза на клинички испитувања

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk