КИЧЕЕЦ ја потврдува автентичноста на снимките. Зоран Милески Кичеец за А1 он, вели дека имал повеќе состаноци со Христијан Мицкоски и дека се сретнал и на 14 април минатата година.
ФИЛИПЧЕ апелира до МПЦ-ОА и ИВЗ: Верските собири се голем ризик за трансмисија на вирусот.
ФРОНТ: Џабир Дерала: Една површна белешка за тајните инсталации
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Стево Пендаровски преку писмена изјава соопшти дека денеска телефонски разговарал со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и со поглаварот на Исламската Верска Заедница. На двајцата лидери им ги пренел ставовите и загриженоста во врска со вчерашните случувања во Струга, како и за најавата на ИВЗ дека ќе ги отворат верските објекти на 12 мај.
ВЛАДАНКА Димковска: Тоа што се случи во Струга е за голема осуда -некој реши да се игра со нашето здравје.
ПРЕМИЕРОТ Оливер Спасовски е задоволен од економските текови во земјава во услови на пандемија и вели дека домашните и меѓународните финансиски институции предвидуваат дека државата ќе има и помал пад, но и побрз рестарт на економијата.
ДЕНИС Јанкуловски: Облечен ко космонаут 8-9 саати, дишеш како Дарт Ведер и одеднаш – Струга.
ФИЛИПЧЕ: 20 оздравени, 14 новозаболени од Ковид-19, даден предлог полициски час за викенд да трае од 19 до 05 часот.
СЛАВЧО Димитров: Рамнодушно и арогантно – Амин.
АГЕНЦИЈАТА за храна и ветеринарство (АХВ) подготви прирачник со сет на препораки за организирање на работата на угостителите во услови на пандемија со корона вирусот во пресрет на најавеното укинување на дел од мерките и ограничувањата донесени поради епидемијата на вирусот Ковид-19.
ВЕЛЕС не е ново жариште за ширење на коронавирусот бидејќи инциденцата е многу мала, помала и од Куманово и од Прилеп. Сите случаи се поврзни со веќе докажани пациенти, односно дефиниран е кластерот, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
ПАЗАРОТ во кинескиот град Вухан одигра улога во избувнувањето на корона вирусот минатата година, како извор или евентуално како „засилувачко опкружување“, соопшти денеска Светската здравствена организација и повика да се направат повеќе истражувања.
ШЕФОТ на дипломатијата на Европска Унија, Жозеп Борел по повод Денот на Европа изјави дека мирот и соработката се основите на ЕУ, но и нејзините односи со светот.
ВО Русија, во последните 24 часа се регистрирани 10.699 нови случаи на инфицирани со новиот корона вирус, така што вкупниот број заболени достигна 187.859 лица. Русија се наоѓа на петтото место во светот по бројот на пациенти со Ковид-19.
ФЕЈСБУК денеска соопшти дека ќе им овозможи на своите вработени, кои имаат можност да работат од дома, тоа да го прават до крајот на годината.