ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Вкупно 8.700 граѓани го донирале повратот на ДДВ за справување со коронавирусот

May 8, 2020 11:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 8.700 граѓани се одлучија да ги донираат средствата од проектот МојДДВ во Фондот за справување со коронавирусот КОВИД-19 што е регулирано во уредбата за примена на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физички лица за време на вонредна состојба, информира денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.

-Ркот на изјаснувањето за повратот на ДДВ заврши на 5 мај и вкупно 8.700 корисници на апликацијата МојДДВ одговориле потврдно на опцијата за донирање, а 35.219 корисници одговориле дека  сакаат да им биде исплатен повратото од скенирањето на сметките во целост. Износот на донацијата која изнесува 9.529.917 денари ќе се донира во Фондот за справување со КОВИД-19, рече Лукаревска на денешната прес-конференција во Владата.

Таа нагласи дека до УЈП стигнале мејлови од граѓани кои, како што рече, погрешно и ненамерно притиснале опција донирај и бараат средствата да им бидат исплатени на сметката.

-За нив дополнително во најкраток можен рок ќе известиме  за начинот на исплатата. Опцијата донирај беше поставена за доброволен избор на секој корисник на апликацијата МојДДВ и сакам да се заблагодарам на сите граѓани кои го донираа својот поврат на ДДВ и помагаат за полесно справување со кризата од коронавирусот, потенцира Лукаревска.

Нагласи дека даночните службеници од УЈП во моменотов се и агенти во Владиниот контакт центар и тие, како што рече, стојат на располагање за сите прашања и одговори поврзани со мерките што ги спроведува  Управата.

-Направена е и мејл група [email protected] која има за цел непречено и точно информирање, посочи Лукареска.

Во одговор на прашање, директорката на УЈП истакна дека задоволува бројката на 23.861 барање на 21.542 компании за финансиска поддршка до 14.500 денари за исплата на платата по вработен за април годинава.

-Со можноста за комбинирање на мерките и со користење на другите поволности од сетот економски мерки е оставено на доброволна основа секоја компанија сама да одлучи  какава помош и каква мерка ќе користи. Очекуваме дека во мај можеби ќе има зголемување на барањата, но сепак сметавме дека рокот за пријавување е повеќе од доволен затоа што на дневно ниво првите неколку дена на секој час имавме по можеби 500 барања што не е мала бројка, рече Лукаревска.

Прашана дали УЈП смета дека е време за итен ребаланс на Буџетот заради падот на приходите, Лукаревска рече дека тоа прашање ќе се разгледува понатаму и заедно со Министерството за финасии доколку има таква потреба ќе се извести јавноста.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk